rn
4. Џулија Робертс и елегантниот, црвен фустан (Pretty Woman, 1990)
rnСите добро ја паметиме култната сцена во која Џулија Робертс се трансформира од несреќна проститутка во елегантна дама. Иако првичната идеја за нејзиниот изглед бил едноставен, црн фустан, костимографката Мерилин Ванс се одлучила за ваквата огненоцрвена варијанта, со која го воодушеви светот.rnrn
rn
5. Мишел Фајфер и светкавиот фустан (Scarface, 1983)
rnИзгледот на Мишел Фајфер во „Scarface“, вклучувајќи го и овој грациозен, светкав фустан со длабоко деколте, сè уште свесно претставува инспирација за модниот свет.rnrnВо 2012 година, Ријана се појави на „Греми“ наградите во Армани фустан, за кој таа изјави дека е инспириран токму од оваа улога.rnrn
rn
6. Необичниот, невестински фустан на Сара Џесика Паркер (Sex and the city, 2008)
rnВивиен Вествуд е „виновникот“ за оваа необична венчаница, која Сара Џесика Паркер ја носеше за време на снимањето на филмот „Сексот и градот“. Фустанот беше распродаден буквално за неколку часа, штом стигна на пазарот.rnrn
rn
7. Шерон Стоун и тесниот, краток бел фустан (Basic Instinct, 1992)
rnВолнениот, тесен и краток фустан со ролка креиран од Елен Мироник беше носен од страна на Шерон Стоун во најпровокативната сцена од филмот „Основен инстинкт“, каде ги прекрстува нозете.rnrnПокажувајќи го своето совршено тело, Шерон Стоун уште еднаш докажа дека оправдано ја заслужува титулата „секс-симбол“.rnrn
rnrn
