rnrn
8. Кадифениот, зелен фустан на Вивиен Ли (Gone With The Wind, 1939)
rnСигурно се сеќавате кога ликот на Ли, Скарлет сакаше да го импресионира Рет Батлет во филмот, па со помош на нејзината дадилка креираше фустан од зелена, кадифена завеса со многу златни додатоци.rnrnДизајниран од страна на Волтер Планкет, овој фустан денес сè уште опстојува, со мали оштетувања по рабовите.rnrn
rn
9. Џуди Гарланд и симпатичниот, син фустан (The Wizard of Oz, 1939)
rnОвој едноставен фустан е креиран од страна на костимографот Гилбер Адриан, кој исто така ги создаде и познатите црвени чевлички. Сино-белиот фустан на прерамки беше продаден на аукција во 2012 година, за неверојатни 480.000 долари.rnrn
rn
10. Алиша Силверстоун и фустанот на Келвин Клајн (Clueless, 1995)
rnМодниот стил кој беше прикажан во овој филм, ги натера сите девојки ширум светот да мечтаат по одличните каро костими и куси здолништа.rnrnСупер-шик девојката Шер, која Алиша Силверстоун одлично ја одглуми, во една од сцените се појавува во краток и тесен фустан, инспириран од модата во 60-тите.rnrnМногумина од нас сигурно го паметат хумористичниот коментар на нејзиниот татко, кога ѝ вели дека фустанот изгледа како долна облека.rnrnВо 2010 година, дизајнерот за Келвин Клајн, Франциско Коста се одлучи да го врати фустанот на рафтовите, за цена од 916 долари.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
