КАФЕ ПАУЗА

Најубавите фустани во историјата на големото филмско платно

Автор: Ана ПетровиќrnrnПовеќето сцени од филмовите ќе останат запаметени по фустаните во кои актерките се појавуваат (Помислете на Мерлин Монро и познатата сцена со белиот фустан).rnrnОвие култни модни креации го сменија текот на модата и стилот на многу жени ширум светот, и претставуваа инспирација на многу дизајнери за нови модни колекции.rnrn0-najubavite-fustani-vo-istorijata-na-golemoto-filmsko-platno-kafepauza.mkrnrnВо продолжение погледнете дел од нив:rn

1. Белиот фустан на Џенифер Лоренс (American Hustle, 2013)

rnКостимографот на филмот, Мајкл Вилкинсон ја облече Лоренс во бел, елегантен фустан, карактеристичен за диско стилот од 70-тите.rn
rn

„Знаевме дека овој фустан мора да изгледа опасно“ изјави Вилкинсон за The Post.

rnФилмот „Американски измамници“ е еден од главните „виновници“ за враќање на модата од 70-тите години од минатиот век.rnrn1-najubavite-fustani-vo-istorijata-na-golemoto-filmsko-platno-kafepauza.mkrn

2. Кира Најтли и свилениот, смарагден фустан (Atonement, 2007)

rnСамо неколку фустани во филмската историја успеаја да привлечат огромно медиумско влијание, меѓу кои е и смарагдниот, лелеав фустан, кој го носеше Кира Најтли во филмот на Џо Рајт.rnrnНежниот материјал, должината до земја и отворениот грб ги натера жените ширум светот да пробаат да го ископираат овој филмски костим.rnrnЗа време на снимањето, овој фустан е направен во неколку копии, бидејќи костимографите стравувале од негово оштетување.rnrnATONEMENTrn

3. Одри Хепберн и фустанот на Живанши (Breakfast at Tiffany’s, 1961)

rnЦрниот, сатенски фустан кој го носеше стилската икона Одри Хепберн предизвика револуција во модниот свет, носејќи го епитетот за „најпознат црн фустан на сите времиња“.rnrnАнкета спроведена во 2010 година, од страна на компанијата Lovefilm го прогласи овој фустан за најдобар женски костим во историјата на филмската индустрија.rnrnMBDBRAT EC001rnrn