Совршено патување: 8 земји со најдобра временска прогноза

Сподели

Доколку знаете точно каков вид авантура сакате, тогаш многу е лесно да го одберете совршеното место на оваа планета за вас. Но, доколку не сте сигурни, за да ви помогнеме полесно да одлучите, погледнете ги следниве 8 земји кои имаат најдобра временска прогноза за сите вкусови…rn

Реклама

Најдобра температура

rnЕквадор е земја во која владее вечна пролет бидејќи дневните температури во оваа земја која се наоѓа во Јужна Африка се задржува на пријатните 24 степени. Бонус: Поради близината на екваторот, тука можете секогаш да уживате во прекрасно сончево време.rn

Најмногу сончеви часови

rnАризона, држава која се наоѓа во Америка, е најпозната по големиот број сончеви часови. Според Гинисовата книга на рекорди, градот Јума е најсончевиот град во светот со 4.000 сончеви часа годишно, односно 11 сончеви часа дневно. Милина.rn

Најмалку дожд

rnНамибија во просек е држава со најмалку дожд. Жителите на Свакопмунд секоја година гледаат по помалку од 2,5 сантиметри дожд на метар квадратен, додека дневните температури во овој град во просек се движат околу 20 степени.rn

Најдобра влажност на воздухот

rnМетеоролозите сметаат дека 50% релативна влажност на воздухот е оптимална. Иако во Кипар температурата може да се искачи високо, поради близината на океанот воздухот секогаш останува свеж и пријател.rn

Најубав снег

rnАко сте личност која сака да скија, тогаш Јапонија е совршено место за вас. Географската положба, близината на океанот и надморската висина ја прават оваа азиска островска земја една од најснежните во светот.rn

Најмалку ветер

rnДемократската Република Конго е една од метеоролошки најмирните земји на светот бидејќи има најнизок просек на ветровито време.rn

Најубаво ѕвездено небо

rnКанарските острови кои се наоѓаат покрај брегот на Западна Африка имаат неверојатно ѕвездено небо. Токму затоа и воопшто не нè чуди што во Националниот пар Табуриенте има голем број телескопи кои се совршени за набљудување на небесните тела.rn

Најчист воздух

rnИсланд има многу шуми кои играат огромна улога во природното филтрирање на воздухот, како и цврсти закони за загадувањето и мал број жители распространети на голем простор. Токму затоа и не е чудно што се гордеат со најчистиот воздух на светот. Таму вие навистина можете да дишете лесно.

Најново

Може ќе ве интересира