Различни луѓе реагираат различно во иста ситуација. Ова посебно се однесува кога треба да се соочиме со некои тешкотии во нашиот професионален и приватен живот. Се верува дека љубовните двојки во кои и двајцата партнери размислуваат и се однесуваат на различен начин, полесно ги надминуваат пречките во животот и остануваат заедно подолго време за разлика од оние кои се слични.rnrnДали ова е вистина? Ако е, зошто е тоа така? Луѓето се непредвидливи. Може колку сакате да се обидувате да ги разберете, да погодувате како се чувствуваат, да размислувате како можете да им помогнете, и пак на крајот ќе погрешите. Се чини дека ниту еден човек да не е постојан во своето однесување. Но, секој поединец мора да донесува одлуки врз основа на нешто, нели?rnrn
rnrnЛуѓето може да се поделат во две категории…rnrnЛогичари: Оние кои донесуваат одлуки врз основа на логичната и објективната вистина, откако внимателно ги согледале сите позитивни и негативни работи.rnrnЕмотивци: Оние кои донесуваат одлуки врз основа на нивните чувства и интуиција, и кои размислуваат како тие ќе влијаат на самите нив и на нивните блиски.rnrnПоентата е дека најсреќните љубовни парови се оние кои вклучуваат логичар и емотивец. Секако дека не постои совршена двојка и секој треба самиот да си одлучи со кого ќе биде во врска. Двајца логичари и двајца емотивци би можеле да живеат заедно среќно до крајот на животот. Зошто да не? Меѓутоа, на логичарот полесно му е да живее и да се сложува со емотивецот, токму поради тоа што и двајцата се многу различни. Секој од нив ќе има различен пристап кон истиот проблем, со што автоматски се зголемува можноста за решавање на истиот. Да ја согледаме оваа констатација преку примери…rn
Логичарите ги земаат предвид фактите, а емотивците чувствата
rnНа почетокот од врската, логичарот ќе направи проценка на сите факти: Социјалниот статус, финансиските можности, неговото слободното време и дали воопшто му е потребна врска во моментот.rnrnЕмотивецот прави проценка на неговите чувства. Дури и целата објективна реалност да е против врската, емотивците се подготвени да направат сè за да бидат среќни во љубовта. Повеќето врски почнуваат токму благодарение на емотивците!rn
Логичарите ги забележуваат надворешните знаци дека нешто не е во ред, а емотивците едноставно го чувствуваат тоа
rnЛогичарите сфаќаат дека врската не оди баш најдобро кога ќе видат цврст доказ за тоа, како на пример кога ќе го видат партнерот како флертува со некој друг или кога ќе видат дека добива пораки од типот „Кога ќе те видам? Те бакнувам“.rnrnЕмотивците ги забележуваат промените во говорот на телото и тонот на гласот. Тие едноставно чувствуваат дека нешто не е во ред, без да имаат каков било доказ. Емотивецот е првиот кој ќе каже гласно дека има проблем во врската.rnrn
rn
Логичарите прво ги гледаат лошите работи, а емотивците добрите
rnСекој пар ќе мора да се соочи со некои тешкотии порано или подоцна. Меѓутоа, ако и двајцата партнери ги гледаат само лошите работи, тогаш нема што понатаму да се дискутира.rnrnКога логичарот се откажал и почнал да го гледа само негативното во врската, чувството зема замав и почнува да ги бара позитивните работи, причините зошто тие мора да останат заедно.rnrnКога во врската едниот е логичар, а другиот емотивец, има големи шанси дека нивната врска ќе ја истрае кризата. Кога сè уште не дошло до директен конфликт, емотивецот ќе остане до неговиот сакан по секоја цена.rn
За логичарите конфликтот е нешто природно, за емотивците тоа е крај на светот
rnЛогичарите признаваат дека конфликтот е проблем кој треба да се реши. Но, емотивецот секоја караница ја доживува како катастрофа. Тие ќе страдаат и ќе се плашат сè додека повторно не се воспостави хармонија. Според нив, таа мора да биде воспоставена по секоја цена.rnrnЛогичарите ги решаваат конфликтите, а емотивците гледаат да избегаат од нив. Ако дојде до караница, логичарите се тие кои ќе го вратат мирот во врската.rn
Логичарите ги решаваат проблемите, а емотивците чекаат на нив да го направат тоа
rnДоколку логичарите препознаат дека има проблем, тие почнуваат да дејствуваат за да го решат. Веднаш купуваат цвеќиња, чоколади или даваат комплименти.rnrnЕмотивците не се ни обидуваат да преземат нешто додека не помине тоа ужасно чувство на страв и болка еднаш засекогаш. Токму затоа секогаш има некој кој дава подароци и некој кој ги добива.rn
Логичарите сакаат да доминираат, емотивците имаат потреба да бидат сакани
rnЛогичарите веднаш прифаќаат одговорност, тие немаат проблем со тоа и се чувствуваат изгубени кога немаат контрола во врската.rnrnЕмотивците, пак, го прифаќаат тоа без проблем и подеднакво се чувствуваат изгубени ако не ја добиваат грижата и вниманието што им требаат. Совет за логичарите: Ако забележите дека партнерот делува вознемирено, гушкајте го почесто.rnrn
rn
Логичарите сакаат да разберат зошто нешто се случува, емотивците сакаат да разберат зошто тоа им се случува баш ним
rnКога ќе дојде до конфликт, логичарите се стремат да дојдат до коренот на проблемот. Тие сакаат да разберат што точно тргнало наопаку во нивната врска. Дали нивниот партнер направил нешто? Или, пак, тие сè уште се соочуваат со последиците од претходната врска?rnrnЕмотивците размислуваат што не е во ред со нив. Тие сакаат да дознаат што направиле за да го оддалечат партнерот од себе, и најважно им е да разберат каде лежи нивната грешка во целата ситуација.rnrnЛогичарите ќе се обидат да имаат конструктивен разговор иако тоа би можело да доведе до раскинување, додека емотивците едноставно ќе седат и ќе размислуваат за себе.rn
Логичарите ја бараат вистината, емотивците можат да прогледаат низ прсти ако тоа е потребно
rnЛогичарите се секогаш искрени и со другите и со самите себеси. Ако сфатат дека погрешиле, ќе го признаат тоа без двоумење.rnrnЕмотивците не сакаат секогаш да ја знаат вистината. Понекогаш тие повеќе претпочитаат бели лаги, а и тие самите се подготвени да подлажуваат за да ја одржат врската стабилна.rnrnСè на сè, кога двајца логичари ќе решат дека подобро е да не бидат заедно, а двајца емотивци ќе се испокараат, логичарот и емотивецот ќе ги соберат остатоците и повторно ќе ги состават во една нераскинлива целина. Најважна е способноста на парот да ги преживее кризните периоди во врската, а двојката со различен начин на размислување и однесување има поголеми шанси да ги преброди истите.