КАФЕ ПАУЗА

4 совети кои ќе ви помогнат да ја спречите главоболката предизвикана од црвено вино

4 совети кои ќе ви помогнат да ја спречите главоболката предизвикана од црвено вино

Written by

in

,

Доколку некогаш ви се случило да испиете малку повеќе црвено вино, сигурно сте се соочиле со ужасните последици утредента. Сува уста, непријатен вкус во усната празнина, желба за мрсна храна и страшна главоболка од која мислите дека ќе ви прсне главата. Овој мамурлак е доволна причина да ве натера да решите дека никогаш повеќе нема да пиете црвено вино.rnrn4 совети кои ќе ви помогнат да ја спречите главоболката предизвикана од црвено виноrnrnСепак, не мора да се откажувате од вашиот омилен алкохолен пијалак. Постојат неколку начини кои можат да ви помогнат да ја спречите главоболката од црвено вино. Во продолжение прочитајте за што станува збор…rn

1. Мед

rnСпоред едно истражување спроведено на Медицинскиот универзитет во Кина, слаткиот додаток што го ставате во чајот содржи фруктоза, а таа може да помогне при разградување на алкохолот во крвта. Нареден пат кога ќе претерате со виното, изедете една (или повеќе) лажици мед.rn

2. Пијте повеќе вода

rnСите знаеме дека алкохолот дехидрира. Па така, доколку испиете цело шише вино без вода, ќе се соочите со ужасни мигрени утредента. Задолжително пијте вода заедно со виното и пијте најмалку 8 чаши вода секој ден. На ова правило особено обрнете внимание во деновите кога знаете дека ве чека вечер исполнета со многу вино.rnrn4 совети кои ќе ви помогнат да ја спречите главоболката предизвикана од црвено виноrn

3. Сменете го виното

rnНема да ви додеваме со комплицирани научни податоци, но она што треба да го знаете е дека танинот е основната компонента на грозјето што се користи за виното да добие покомплексен вкус. Меѓутоа, танинот исто така е и главниот причинител на главоболките. Така што, доколку имате чести проблеми со мигрени, држете се до белото вино или до вината со малку танин.rn

4. Пијте полека

rnЛесно е полека да се испие чашата вино пред спиење. Меѓутоа, кога се работи за некој поголем собир на луѓе, чашата вино може да се претвори во четири за помалку од два часа. Внимавајте колку вино си ставате и не брзајте при пиењето, туку земајте мали голтки. Тоа ќе ви помогне да ги спречите последиците од црвеното вино утредента.