Зелените салати и останатиот лиснат зеленчук се супер храна за летниот период, но кога станува збор за нив често се соочуваме со проблемот на пребрзо сушење и скапување. За да ѝ го продолжите траењето и да ја задржите комплетната свежина како во моментот кога сте ја купиле, послужете се со овој кујнски трик, кој ќе ви ја спаси салатата, а богами и домашниот буџет.rnrn
rnrnОткако ќе ја купите салатата или сличен лиснат зеленчук, веднаш очистете ја и измијте ја убаво, па ставете ја во чист сад. На самиот врв поставете хартиен бришач и потоа покријте ја со најлонска фолија. Хартијата ќе го впие вишокот влага и листовите ќе останат кревки и свежи. На овој начин можете да го продолжите рокот до една недела.rnrnПритоа имајте предвид дека на салатата ѝ е секогаш потребно барем малку да ја оставите влажна пред да ја складирате во фрижидерот.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
