На 28 јуни нè очекува ретроградното движење на Нептун. Благодарение на ретроградниот Нептун можеме да откриеме работи кои се криеле или кои можеби не сме сакале да ги видиме. Сега е моментот да се соочиме со вистината.rnrn
rnrnЕнергијата на ретроградниот Нептун може да ја активира нашата интуиција и да ја подобри нашата перцепција за „невидливото“. Можеме да ја искористиме во полза на нашите проекти и замисли и тоа како извор на инспирација и поврзување со светот околу нас.rnrnСо оглед на енергијата на Нептун во Риби како и младата Месечина во Риби, ќе треба да бидеме свесни за одржување на нашата рамнотежа. Еден од најдобрите начини да се спротивставиме на силната водена енергија е да се ослободи контролата. Заземјувањето може исто така да помогне.rnrnНептун е владетел на духовноста, интуицијата, креативноста, илузијата, измамата, соништата, уметноста, фантазијата и забавата. Неговата енергија понекогаш ги обвиткува нештата во превез од мистерии и нејаснотии.rnrnТоа, од друга страна, претставува поттик да погледнеме подалеку од она што нè опкружува и да ѕирнеме внатре во себе. Но, кога започнува ретроградното движење на Нептун, превезот е кренат и нам не ни преостанува ништо друго освен да се соочиме со вистината. Откако ќе биде оттргнат превезот на илузијата, можеме полесно да сфатиме дали сме оделе во лажна насока за време на нашето духовно исцелување или сме биле водени од нашето его наместо од љубовта.rnrnОсвен тоа, Нептун е и симбол на безусловната љубов која е посилна од сè и засекогаш поврзана со нашата душа. Така, за време на ретроградното движење на оваа планета, размислете како можете да привлечете колку што можете повеќе од оваа безусловна љубовна енергија. Што ве спречува да ја почувствувате љубовта таква каква што е? Што е она што ве спречува да се поврзете со таа голема љубовна енергија?rnrnДозволете Нептун да ве води на ова духовно патување при што ќе научите како да ја споделувате љубовта со оние околу вас.rnrnМеѓу другото, ретроградниот Нептун може да ви помогне полесно да ги сфатите работите и да добиете појасна перспектива за вас самите, за светот околу вас и во вас.rnrnОткако прочитавте што ќе ни донесе ретроградниот Нептун на 28 јуни, можеби ќе сакате да прочитате и кои хороскопски знаци ги очекуваат големи животни промени во јуни.rnrnИзвор: atma.hr
Ретрограден Нептун на 28 јуни: Време е да се соочиме со вистината!
