Што ќе се случи доколку ги отстраниме телефоните од реалноста? Толку сме заразени со технологијата, што не сме свесни дека животот поминува покрај нас, а ние не сме дел од него. Среќни моменти или тажни, сите се пропратени со телефоните во рака или со некоја друга паметна играчка. Правиме слики во секакви изданија и ги објавуваме по социјалните мрежи, бидејќи штом не е ставено на интернет, никогаш не се ни случило, нели?rnrn
rnrnОна што е тажно во и така веќе тажната ситуација е фактот дека повеќе не се забележуваме едни со други. Заедно сме, но со телефоните во рака, не ги ни помниме луѓето, разговорите и местата. И стануваме сè потажни и поосамени. А тоа јасно и гласно може да се види на следниве фотографии на фотографот Ерик Пикерсгил. Но, она што недостасува на нив се токму телефоните…rnrn
Реалноста без телефоните: Како би изгледале нашите фотографии без паметните играчки во рака?















