Полскиот произведувач на ковчези Збигниев Линднер објавил секси календар со убави моделки, кои заведувачки позираат покрај неговите производи – ковчезите. Моделките се топлес или облечени во секси долна облека, бикини или корсети, прикажани во некои морбидни надреални сцени.Компанијата има за цел да ја покрене популарноста на своите производи и да го зголеми својот приход со својот мрачно-еротичен календар.rn
„Идејата беше на син ми за создавање на ваков календар“ – вели сопственикот на компанијата. „Решивме да направиме нешто половина сериозно, разнобојно и убаво, што ќе ја истакне убавината на полските девојки и убавината на нашите ковчези.“
rnЛинднер смета дека ваквите секси фотографии ќе го оттргнат теолошкото значење од умот на потрошувачите во однос на ковчезите.rnrn
„Сакавме да покажеме дека ковчезите не се религиски симбол. Тие се производ. Зошто луѓето се плашат од ковчези, а не од бизнис костими, козметика или накит?“ – додава тој
rnСпоред ова, може да се каже дека сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези, со оглед на тоа што Линднер веќе неколку години по ред изработува секси календари за својот производ. Тој се продава на веб-сајтот на компанијата, а секој којшто ќе го нарача, ќе добие и компатибилен приврзок за клуч во облик на ковчег.Сепак, Католичката црква смета дека ваквиот календар е несоодветен. Нејзин претставник изјавил дека човечката смрт треба да се третира сериозно, а не како да е нешто забавно и не треба да се меша со сексот.
Следните фотографии, се од календарите на компанијата од изминатите неколку години:
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

