КАФЕ ПАУЗА

На што подобро се сеќавате: на првиот бакнеж или на првото сексуално искуство?

На што подобро се сеќавате: на првиот бакнеж или на првото сексуално искуство?

И пред да дојде до првиот бакнеж и пред да го доживееме првото сексуално искуство, многу размислуваме како ќе биде, со кого ќе биде, како ќе се чувствуваме потоа. Но, што е она на што подобро се сеќаваме подоцна во животот?rnrnНа што подобро се сеќавате: на првиот бакнеж или на првото сексуално искуство?rnrnСпоред едно истражување спроведено на Универзитетот во Тексас, луѓето многу повеќе се сеќаваат на деталите околу нивниот прв бакнеж, отколку на оние врзани за првото сексуално искуство.rnrnДури 90% од испитаниците признале дека се сеќаваат на многу детали поврзани со првиот бакнеж, додека првото сексуално искуство им е некако избледено од сеќавањата или заборавено.rnrnИстражувањето покажало и дека постои разлика помеѓу мажите и жените. Имено, на жените многу повеќе им значи бакнежот, за разлика од значењето што тој го има за мажите – подготовка за продолжување со сексуални активности.rnrnУште еден заклучок од ова истражување е дека нежните бакнежи се многу поефикасни од брзите агресивни бакнежи и дека тие имаат моќ да направат жените побрзо да се заљубат.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.