КАФЕ ПАУЗА

Крвна слика: Кои вредности се нормални?

Крвна слика: Кои вредности се нормални?

Колку и да ви е страв од игли или земање крв, одењето во лабораторија е неопходно за дијагностицирање на речиси сите болести. Анализата на крвта дава увид во здравјето на организмот, а во продолжение погледнете кои вредности се нормални.rnrnКрвна слика: Кои вредности се нормални?rn

КОМПЛЕТНА КРВНА СЛИКА

rnКомплетната крвна слика е основна лабораториска анализа на крвта со која се проценува општата здравствена состојба и се откриваат разни нарушување како анемија, инфекции, вирусни заболувања, ухранетост на организмот и изложеност на отровни материи. Со оваа анализа се добива увид за бројот и квалитетот на ертитроцитите, тромбоцитите и леукоцитите.rn

Ертитроцити (Er)

rnЦрвените крвни зрнца се клетки кои го содржат хемоглобин и кои учествуваат во разнесувањето на кислородот и јаглеродниот диоксид во организмот.rnrnРеферентни вредности:rnrnМ 4,5-6,3 х 10 на 12/lrnrnЖ 4,5-5,4 х 10 на 12/lrnrnЗголемен број: Дехидратација, полицитемија (ретко заболување)rnrnНамален број: Еден од показателите за анемија, заедно со хематокритот, хемоглобинот и ертитроцитните константиrn

Леукоцити (Le)

rnБелите крвни зрнца се создаваат во коскената срж и нивната цел е заштита на организмот од инфекции. Секој одреден вид леукоцити (ги има 5) има посебна функција којашто се гледа од формулата која се прави независно од крвната слика, а се препорачува како задолжителна и ја дополнува сликата за состојбата на организмот.rnrnРеферентни вредности: 4-10 х 10 на 9/lrnrnЗголемен број: Бактериска инфекцијаrnrnНамален број: Леукоцитоза, вирусно заболување, кај хемотерапија, употреба на одредени лековиrn

Хемоглобин (Hb)

rnХемоглобинот е состојка на ертитроцитите и претставува протеински комплекс кој го пренесува кислородот од белите дробови во ткивата, а јаглеродниот диоксид од ткивата назад во белите дробови.rnrnРеферентни вредности:rnrnМ 149-180 g/lrnrnЖ 120-160 g/lrnrnНамален број: Анемијаrn

Хематокрит (Htc)

rnХематокритот го претставува волуменот на ертитроцити во единица крв.rnrnРеферентни вредности:rnrnМ 0,40-0,50 L/lrnrnЖ 0,35-048 L/lrnrnЗголемен број: Полицитемија (ретка болест која се појавува кај постарите луѓе)rnrnНамален број: Дехидратација, анемијаrn

Тромбоцити (Tr)

rnТромбоцитите се крвни плочки кои ја згуснуваат крвта.rnrnРеферентни вредности: 150-400 х 10 на 9/lrnrnЗголемен број: Тромбоза (спонтано згрутчување на крвта)rnrnНамален број: Автоимуни заболувања, спонтани крвавења, после трансфузија на крвrn

Ертитроцитни константи

rnВо целосната крвна слика се прават и таканаречени ертитроцитни константи кои даваат увид за квалитетот на ертитроцитите.rnrnMCV (mean cell volume) – големина на ертитроцититеrnrnMCH (mean cell hemoglobin) – просечно количество на хемоглобин во ертитроцититеrnrnMCHC (mean cell hemoglobin concentration) – просечна концентрација на хемоглобинот во ертитроцититеrnrnRDW (red cell distribution width) – распределба на ертитроцитите по волуменrn

Тромбоцитни константи

rnТромбоцитните константи даваат информации за морфолошките особини на тромбоцитите, нивниот волумен и големина.rnrnMPV (mean platelet volume) – распределба на тромбоцитите по волуменотrnrnPDW (platelet distribution width) – просечен волумен на тромбоцититеrn

Седиментација (Se)

rnСедиментацијата на ертитроцитите не влегува во целосната крвна слика, но е препорачлива. Укажува на многу можни болести и се следи кај сите заболувања. Оваа вредност ја покажува брзината со која ертитроцитите се таложат на дното на исправена епрувета. Нормалната брзина го исклучува постоењето на болести, додека забрзаноста е знак за понатамошни истражувања.rnrnРеферентни вредности:rnrnМ (20-50 години) 3-13 mm/hrnrnM (над 50 години) 2-23 mm/hrnrnЖ (20-50 години) 4-24 mm/hrnrnЖ (над 50 години) 5-28 mm/hrnrnЗголемување: Во случај на инфекцијаrn

ЛЕУКОЦИТАРНА ФОРМУЛА

rnЛеукоцитарната формула подразбира број на поединечни групи, односно клетки на леукоцити. Постојат три главни видови леукоцити – гранулоцити (неутрофилни, базофилни и еозинофилни), моноцити и лимфоцити.rnrnНеутрофилните гранулоцити, заедно со моноцитите го сочинуваат основниот одбранбен механизам на организмот.rn

Неутрофилни гранулоцити

rnРеферентни вредности: 40-75%rnrnЗголемен број: Бактериски инфекции, траума, изгореници, инфаркт. Значајно се зголемени и кај леукемијата и проширените малигни заболувањаrnrnНамален број: Вирусна инфекција, туберкулоза, артритис, нарушување на коскената срж, недостаток од витамин Б12rn

Лимфоцити

rnЛимфоцитите произведуваат антитела и учествуваат во одбраната од вируси.rnrnРеферентни вредности: 20-45%rnrnЗголемен број: Вирусни инфекции, токсоплазмоза, бруцелозаrnrnНамален бој: Кај лекување со кортикостероиди, инфилтрација на коскената срж, СИДА, кај лекување со радиотерапија и хемотерапијаrn

Еозинофилни гранулоцити

rnЕозинофилните гранулоцити учествуваат во одбраната од алергените и паразитните инфекции.rnrnРеферентни вредности: 2-4%rnrnЗголемен број: Астма, алергија, егзема, зрачење, кај заздравување од инфекција.rn

Моноцити

rnМоноцитите се најголемите крвни клетки и тие се како „собирачи“ на мртвите клетки.rnrnРеферентни вредности: 2-10%rnrnЗголемен број: Акутни и хронични инфекции, малигни болестиrn

Базофилни гранулоцити

rnБазофилните гранулоцити се најмалку застапена група на леукоцити и учествуваат во алергискиот одговор на организмот.rnrnРеферентни вредности: 0-1%rnrnЗголемен број: Вирусни инфекции, уртикарија, после хемолиза и отстранување на слезината