По втор пат оваа година, Јупитер го започна својот транзит во знакот Овен кој ќе трае сè до 16 мај следната година.rnrn
rnrnАстролозите посочуваат дека е можно некои од искуствата кои ги имавме од мај до крајот на октомври годинава да се повторат во следните два месеци. Со други зборови, и во овој период ќе имаме можности за нови искуства и знаења.rnrnТоа значи и дека во овој период ќе можеме да започнеме нешто што би можело да биде особено значајно за нас во наредните години. Бидејќи Марс во моментот е ретрограден, а наскоро и Меркур ќе ја започне својата ретроградна фаза, можностите ќе почнат да се манифестираат појасно и да се движат напред по 18 јануари. Дотогаш планирајте, договарајте, организирајте, и поставете нови цели во вашиот живот.rnrnПочнете од себе, со она што е најдобро за вас. Следете го тој внатрешен глас што ви го покажува патот, покажете храброст и вера, одете напред и не се откажувајте. Дозволете му на Јупитер да ви пружи енергија полна со страст и ентузијазам.rnrnДа не заборавиме дека сите имаме можност за личен раст. Од нас зависи дали ќе продолжиме со старите навики и ќе се жалиме дека сè е лошо или ќе ги промениме животните околности преку сопствената промена. Секоја промена почнува од нас самите!rnrnОткако прочитавте за влијанието на Јупитер во Овен во следниот период, можеби ќе сакате да прочитате и кои хороскопски знаци ги очекуваат големи животни пресврти во 2023 година.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
Како ќе ни влијае Јупитер во Овен до 16 мај 2023 година?
