КАФЕ ПАУЗА

9 чудни места кои не би сакале да ги посетите ако знаете што се случува таму

9 чудни места кои не би сакале да ги посетите ако знаете што се случува таму

Некои места може да изгледаат привлечно за да ги посетите, но ако подобро ја запознаете нивната приказна тоа нема да биде случај.rn

1. Мостот Овертоун во Шкотска

rnМостовите добиваат на морничавост кога луѓето скокаат од нив во обид да си го одземат животот. Овде тоа не е случај, затоа што не скокаат луѓето туку кучињата. Мостот Овертоун во селото Милтон во Шкотска е место каде што поради некоја непозната причина кучињата скокаат за да се самоубијат. Селаните велат дека сигурно има над 600 кучиња кои досега го сториле тоа. Дури забележале и некои кои скокаат, но преживуваат, за потоа пак да се вратат на мостот и да скокнат во смрт.rnrn9 чудни места кои не би сакале да ги посетите ако знаете што се случува тамуrn

2. Домот за пензионери Вилиџис во Флорида

rnОвој идиличен пензионерски дом во топлата Флорида е полн со доста витални луѓе во третото доба. Тие го направиле познат по тоа што, верувале или не, е полн со сексуално преносливи болести. Менаџментот на домот вели дека тоа е местото „каде што старите лица доаѓаат да си ги остварат соништата“, а луѓето кои живеат таму тврдат дека тоа е „Дизниленд за стари луѓе“. Причината е очигледна, но таа им носи и непријатен углед поради многуте секс скандали и големиот број случаи со сексуално преносливи болести.rnrn9 чудни места кои не би сакале да ги посетите ако знаете што се случува тамуrn

3. Музејот Митер во Америка

rnПри посетата на овој музеј ќе имате можност да ги видите сите оние работи од кои потајно се згрозувате додека гледате некои физички аномалии кај луѓето или животните. Полн е со ексхумирани тела, делови од телата на сијамски близнаци, бели дробови, мозоци… Потребен е силен стомак за да се издржи цела посета.rnrn9 чудни места кои не би сакале да ги посетите ако знаете што се случува тамуrn

4. Џатинга, Индија

rnЏатинга е мало село во живописниот североисток на Индија кое има неславна репутација. Причината е тоа што овде птиците со цела сила летаат кон ѕидовите на куќите и зградите и се убиваат како да се камикази. Тоа изгледа како многу чудна и мистериозна појава, но некои локални научници ја објаснуваат со маглата во монсунскиот период кога птиците се дезориентирани и одат кон светлата на селото, па некои од нив без да сакаат се удираат во ѕидовите. На локалните жители не им останува ништо друго освен да ги убијат птиците кои се на умирање и со тоа да им ги скратат маките.rnrn9 чудни места кои не би сакале да ги посетите ако знаете што се случува тамуrn

5. Свитвотер, Америка

rnГратчето Свитвотер во Тексас е местото каде што се одржува најголемиот светски фестивал на ѕвечарки. Тука се собираат сите змии од овој вид од околината кои се шетаат слободно во природата за да учествуваат на паради за ѕвечарки, натпревар за најдолга змија, натпревар во јадење змии, натпревар во најдобар скротувач на змии и слични морничави змиски лудории.rnrn9 чудни места кои не би сакале да ги посетите ако знаете што се случува тамуrn

6. Лили Дејл, Америка

rnНавидум нема ништо чудно во ова мало гратче во државата Њујорк. Луѓето си ја работат својата работа, децата си одат на училиште, луѓето си пијат кафе на мира во кафулињата, но и си зборуваат со мртвите. Лили Дејл е место со голем број луѓе кои ја негуваат духовноста, секој на свој начин, а многумина од нив „можат“ и да зборуваат со мртвите.rnrn9 чудни места кои не би сакале да ги посетите ако знаете што се случува тамуrn

7. Паркот Ликин во Балтимор

rnПаркот Ликин е доста голем и полн со пешачки патеки. Претставува идилично место за релаксација и бегство од градската гужва, барем додека не наидете на коските на некој одамна починат човек. Не се знае како тие коски се нашле таму, но од 1946 до денес на површина излегле вкупно 68 луѓе кои му даваат морничав шмек на овој инаку прекрасен зелен дел од градот.rnrn9 чудни места кои не би сакале да ги посетите ако знаете што се случува тамуrn

8. Шумата Аокигихара, Јапонија

rnОваа шума сместена во подножјето на планината Фуџи станала позната според еден роман во кој луѓето љубовниците оделе таму да се самоубијат, но читателите тоа си го сфатиле сериозно и оттогаш има многумина кои одат таму од таа причина. Прошетка по оваа шума може да значи и средба со некој леш, со оглед на тоа што властите ја чистат само еднаш годишно.rnrn9 чудни места кои не би сакале да ги посетите ако знаете што се случува тамуrn

9. Храмот Карни Мата во Индија

rnОвој храм е познат и како Храм на стаорците поради тоа што тие се неговите најбројни жители. Луѓето не ги бркаат оттаму овие мали животни од кои многумина се плашат или згрозуваат затоа што сметаат дека тие се таму во чест на божицата Карни. Се наоѓа во градот Дешноке во покраината Раџастан.rnrn9 чудни места кои не би сакале да ги посетите ако знаете што се случува таму