„Ни требаат татковци кои ќе сфатат дека обврските не завршуваат со зачнувањето. Треба да сфатат дека не те прави маж само способноста да имаш дете, туку храброста да го одгледаш.“ – Барак Обама
rnrnРодителството не е работа само на мајката или пред сè нејзина, како што многумина веруваат. Татковците имаат подеднакво големи обврски кон детето и должни се да ги исполнат ако сакаат да се наречат добри родители. Ова се неколку работи кои секој од нив мора (или не треба) да ги прави.rnrn
rn
1. Нема да дава лош пример
rnОдговорниот татко знае дека детето го следи неговиот пример, а не неговите совети. Затоа тој ќе внимава како се однесува пред своето дете. Ќе биде љубезен и културен со другите, па ако треба и ќе направи напор да го подобри своето однесување само за детето да види добар пример. Исто така, ќе внимава и на тоа да не ги лаже ниту децата ниту останатите пред нив. Децата бргу стануваат експерти во лажење, а тоа нема да донесе ништо добро.rn
2. Никогаш нема да употреби физичка сила со децата
rnТепањето е „педагошки“ метод на минатите векови кога луѓето не знаеле ништо за тоа како се формираат навиките кај децата и какви лоши последици носи кое било насилство, а особено она над децата. Одговорниот татко нема да примени таков примитивен метод на воспитување, туку некои кои се добри за развојот на неговото дете.rn
3. Секогаш ќе им посветува внимание на децата
rnКога се мали, родителите сочинуваат најголем дел од светот на децата. Затоа очекуваат тие постојано да се со нив. Одговорниот татко секогаш ќе биде тука за своето дете. Нема да го запоставува заради својата забава.rnrn
rn
4. Нема да ги заборави важните датуми
rnТатковците секогаш треба да бидат присутни на важните настани како родендените или матурирањето. Децата формираат многу важни спомени за таквите датуми и затоа родителите треба да се околу нив во тие моменти.rn
5. Никогаш нема да го критикува своето дете без основа
rnПонекогаш родителите знаат да ги критикуваат децата само за да покажат некаков авторитет. Можеби родителот во тој момент ќе се чувствува подобро, но детето ќе остане зачудено од ситничарењето на родителот и ќе се исполни со гнев кон него. Одговорниот татко нема да го направи тоа, првенствено затоа што ќе го третира детето фер и согласно принципи, а не заради потреба да биде авторитетен. Никогаш нема ниту да го навреди и да го нарекува со имиња и така да му ја уништи кревката самодоверба.rn
6. Никогаш нема да биде авторитарен
rnИма разлика меѓу тоа да се биде авторитетен и авторитарен. Авторитетниот родител знае да создаде пријатна семејна атмосфера во која децата ќе добијат можност да направат избор за одредени работи и да растат со тоа. Наместо тоа, авторитарниот родител секогаш „знае“ што е најдобро за децата и ќе се обиде да го наметне сојот избор во нивно име како знае и умее, па и на груб или насилен начин ако треба. Одговорниот родител е авторитетен, а не авторитарен.rnrn
rn
7. Нема да биде ниту премногу попустлив
rnИ преголемата попустливост е сосема неодговорен чин. Светот е полн со препреки и граници за кои детето мора да научи дека постојат за еден ден да почне самото да ги совладува.rn
8. Ќе внимава на своите деца
rnТој нема да дозволи децата да му избегаат од вид додека си играат во ситуации во кои можат да се повредат. Иако ќе ги остави децата сами на некој умерен ризик и нема да ги затвори во стаклено ѕвоно за да ги заштити, сепак очите ќе му бидат свртени накај нив и ќе реагира доколку е потребно. Секогаш ќе биде тука и кога ќе им треба помош за нешто. Како што веќе напоменавме, родителството е подеднаква обврска на двајцата родители. Одговорниот татко нема да го испрати детето кај мајка му затоа што во моментот не сака да одговори на неговото барање за помош.rn
9. Нема да дозволи односот со сопругата да влијае на децата
rnОдговорниот татко никогаш нема да дозволи односот помеѓу него и сопругата да влијае негативно на децата. Одвреме-навреме ќе има проблеми во бракот, но тој нема да дозволи децата да се чувствуваат лошо поради тоа, а уште помалку да ги искористува за да се пресметува со сопругата.rnrn
„Сите знаат како се прави бебе, но никој не знае како се прави татко.“ – стих од „Papaoutai“ на Стромае