КАФЕ ПАУЗА

Како им почнува денот на најсреќните љубовни парови?

Како им почнува денот на најсреќните љубовни парови?

Утрата се многу хаотични, бидејќи сите се обидуваат да станат од кревет и брзаат да се подготват за да не задоцнат на работа. Но, ако одвоите само неколку минути за да му покажете љубов на партнерот пред да завладее целиот хаос, ќе успеете да ја зацврстите вашата врска и да ја задржите интимноста. Дознајте кои работи ги прават најсреќните парови секое утро…rnrnКако им почнува денот на најсреќните љубовни парови?rn

Воспоставуваат контакт со очи

rnЗошто да не поминете некое време заедно додека миете заби, на пример? Ова е обврска што мора да ја завршите секое утро, па искористете го тоа за да воспоставите контакт со очи. Допирајте се, гушкајте се и смејте се додека уживате во оваа утринска хигиенска навика.rn

Се милуваат

rnАко едниот од вас станува многу порано од другиот, сигурно се прашувате како би можеле да поминете време заедно наутро. Постои една одлична идеја што сите среќни парови редовно ја практикуваат. Оној кој станува порано, завршува со сите утрински подготовки и пред да излезе, легнува во кревет и го прегрнува другиот неколку минути. Можете ли да си замислите подобар начин за да го започнете денот?!rn

Се обидуваат да станат во исто време кога можат

rnМногу парови имаат сосема различни утрински рутини и речиси воопшто не се гледаат и не зборуваат еден со друг наутро. Некои воопшто не се ни трудат да станат пред да замине нивниот сакан или сакана на работа и тоа не затоа што е премногу рано, туку затоа што сакаат да спијат до подоцна. Овие парови воопшто не се трудат да се поврзат со партнерот пред да им започне денот. Не бидете едни од нив!rn

Пијат кафе или чај заедно

rnОбидете се да појадувате или барем да го испиете утринското кафе заедно. Дури и да станува збор за само 15 минути, искористете го ова време за да разговарате за вашите дневни обврски и планови.rnrnКако им почнува денот на најсреќните љубовни парови?rn

Се бакнуваат пред да излезат од дома

rnМногу е важно да си покажете љубов и внимание пред да заминете на работа. Ако едниот од вас станува многу порано, тоа не треба да биде причина за да го заборавите утринскиот бакнеж. Нежно бакнете го партнерот додека сѐ уште спие. Тој ќе ја почувствува вашата љубов и ќе знае дека сте помислиле на него пред да отидете на работа.rn

Забораваат на телефоните

rnНемојте да го поминете целото утро на телефон. Имејловите и новостите на Фејсбук можат да почекаат. Испијте го утринското кафе заедно, но строго забранете го користењето на технолошките уреди. Искористете го ова време за да разговарате за некои секојдневни работи или планови. Не ни мора да разговарате! Уживајте во тишината и опуштете ги нервите пред почетокот на стресниот ден.rn

Ги делат утринските домашни обврски

rnДоколку имате деца, утрата сигурно ви поминуваат така што ги будите и ги подготвувате за на училиште. Никој не вели дека ова е работа на мајката, но обично таа е одговорна за оваа обврска. Најсреќните парови ги споделуваат ваквите семејни и домашни одговорности. Заедно завршете ги утринските обврски како тим, бидејќи на тој начин ќе се зближите и ќе си го подобрите расположението кое ќе ве држи во текот на целиот ден.rn

Се смеат без разлика колку се уморни

rnПовеќето луѓе имаат навистина хаотични утра, но многу е важно барем еднаш да му се насмевнете на партнерот или партнерката. Додека се подготвувате и брзате да излезете низ вратата, одвојте една секунда за да ја погледнете саканата личност и да ѝ подарите искрена насмевка.rnrnДоколку сакате да ја зачувате хармонијата во вашата врска, прочитајте ги и овие 5 навики на среќните парови.