Сите познаваме парови кои дури и по долги години поминати заедно се гледаат со ист жар како првиот ден. Што е тоа што тие го прават различно од другите парови?rnrn
rnrnОва се 5 навики на среќните парови:rn
1. Никогаш не дозволуваат да заврши третиот состанок
rnКако што изминува времето, разговорите за желбите за иднината и за патување низ светот, се заменуваат со разговори за сметки, кредити, одржување на домот. Психологот Тери Орбуч во своето истражување започнато во 1986, следела 373 парови на средовечна возраст. 98% од оние кои се изјасниле како среќни и задоволни во своите бракови, кажале дека интимно го познаваат и разбираат својот партнер. Половина од истите рекле дека често делат интимни детали за нивните животи, нивните соништа, стравови, цели, додека тоа го прават помалку од 1/5 од оние парови кои во истражувањето се класифицирани како понесреќни.rnrn
rnrnТаа препорачува партнерите да одвојуваат макар 10 минути дневно зборувајќи, не за работа или трошоци во семејството, туку за своите интимни чувства. Без разлика на изминатото време, паровите треба да умеат да поставуваат и да одговараат прашања кои наликуваат на оние од третиот состанок, како на пример: Што би направил/а кога би добил/а на лотарија? или Кога би имал/а шанса да започнеш нова кариера, што би одбрал/а? Ваквите разговори ги оттргнуваат паровите од стресното секојдневие, пробудуваат интерес за меѓусебните чувства и интереси и ги доближуваат повторно на интимно поле.rn
2. Објективно гледаат на своите проблеми
rnПсихологот Ели Финкел заедно со своите колеги, во неговата претстојна студија предлага објективно гледање на работите. Многумина во текот на некакво несогласување ќе пробаат да се стават во кожата на својот партнер, трудејќи се да го/ја разберат. Но, вистинското решение е да се погледне ситуацијата од страна, како непристрасен надгледувач на работите.rnrnВо текот на истражувањето, на дел од брачните двојки им било побарано да посветат 7 минути пишувајќи за несогласувањето со партнерот, од објективна гледна точка, и да го повторат тоа 3 пати во текот на една година. По изминувањето на годината, оние парови кои ги гледале кавгите и несогласувањата од неутрално гледиште, биле позадоволни од нивната врска со партнерот, пострасни и со повеќе доверба во сопругот/сопругата.rn
3. Им посветуваат внимание на ситниците
rnГолемите гестови навистина се показ на грижа и внимание. Но, малите гестови се оние кои прават срцето да заигра од радост. Во проектот на универзитетот во Вирџинија биле испрашани над 1.400 парови. Оние кои правеле мали гестови за својот партнер се покажале како посреќни и поисполнети од оние кои не им обрнувале толку внимание на ситниците.rnrn
rnrnМирисот на кафето кое вашиот партнер го подготвил додека вие мрзеливо ги отворате очите наутро, здиплената облека или наместениот кревет, можеби се само ситници, но се вистински пат до среќа и задоволство.rn
4. Наоѓаат поддршка надвор од нивниот брак
rnПаровите кои се во опкружување кое ги поддржува, се посреќни и имаат постабилни бракови. Може тоа да биде вашето семејство, круг на пријатели или соседство, односно личности кои го поддржуваат вашиот брак и општо бракот како институција.rnrnДоколку имате пријател или пријателка која има негативни ставови за бракот, исто така ќе влијае и на вас, па ќе почнете да им ставате акцент на сите негативности наместо на позитивните нешта. Но доколку поминувате повеќе време со вашите родители, на пример, кои се долго во брак, тоа позитивно ќе влијае на вашите сфаќања за вашиот брак.rn
5. Проблемите ги лечат со смеа
rnНели сите знаеме дека смеата е лек за сè? Среќните парови проблемите и предизвиците ги лечат со смеа. Не мора да биде шега кажана во моментот, туку уште подобро ако се потсетите на урнебесна случка од минатото. Психологот Дорис Базини тврди дека и најтешките моменти олеснуваат со помош на смеата.rnrnКога сте во вистински хаос, потсетете се на некоја интересна случка од вашиот одмор или излет со пријателите. Разговарајте за тоа, смејте се. Така го наоѓате патот кон излезот од проблемот. Смеата можеби нема целосно да го реши несогласувањето, но во секој случај ќе ги смири страстите пред и двете страни сосема да избувнат.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
