10 причини зошто будалестите парови имаат најцврста љубовна врска

Сподели

Ако и вие познавате некој будалест пар, тогаш сигурно често доаѓате во ситуации каде што едноставно не го сфаќаат нивното однесување и не ви е јасно како нивната врска сè уште трае. Но, токму нивното однесување и начинот на размислување е тоа што ги прави овие врски едни од најсилните и најцврстите. Па, што ги одвојува овие парови од останатите и зошто нивните будалштини се здрави за љубовта?

Реклама

1. Тие се сфаќаат себеси многу сериозно, но другите луѓе околу нив воопшто, па затоа и делуваат несериозно во туѓите очи.

2. Не се плашат да имаат (здрави) дебати, бидејќи знаат дека набрзо ќе ги решат сите проблеми и потоа ќе се пошегуваат за да ја разбијат тензијата.

3. Дури и најздодевните активности, како одење во маркет, посета на доктор и чистење по домашна забава вклучуваат многу смеење и шегување.

4. Хуморот предизвикува полесно справување со непријатните делови од врската (поврзани со тоалетот, мрсулите од грипот, емоционалните рушења и слично).

5. Тие можат да се забавуваат еден со друг со часови, дури и кога прават едноставни нешта како на пример, лежење на кауч.

6. Основата на нивната врска остава простор за многу спонтаност, авантура, преземање ризик, искреност, па дури и ранливост.

7. Тие толку добро се познаваат, што знаат кога е време да станат озбилни, а кога да се шегуваат додека не „зајдат“ од смеење.

8. Одржувањето отвореност, доверба и прифаќање води кон тоа ниту еден од нив да не чувствува притисок за да ги цензурира своите најдлабоки мисли, чувства, стравови и фрустрации.

9. Ниту една идеја, прашање, мисла, емоција или потреба не е глупава – тие знаат точно што им е потребно во моментот и целосно се прифаќаат, поддржуваат и охрабруваат.

10. Под сите тие шеги, умни досетки, смеење и будалштини се крие силно и нескршливо чувство за припаѓање, сигурност и пред сè, среќна љубов!

Популарно

Може ќе ве интересира