Да се биде жртва на емоционална манипулација е болно искуство кое може да остави последици за цел живот за кои понекогаш жртвата не е свесна. Во продолжение прочитајте како таа влијае врз жените и начинот на кој тие ја искажуваат својата љубов кон партнерот.rnrn
rn
Немаат самодоверба
rnЖената жртва на емоционална манипулација по доживеаното искуство најчесто се соочува со низок степен на самодоверба и не знае во што да верува. Затоа, партнерот треба да ѝ помогне да ја поврати својата самодоверба, но и вербата во другите.rn
Не им веруваат на своите партнери
rnСо оглед на тоа дека веќе била изманипулирана, ќе биде навистина тешко за жртвата одново да почне да им верува на другите. Тоа значи дека партнерот треба да биде особено трпелив бидејќи ќе биде потребно време жртвата да воспостави доверба кон него.rn
Тие копнеат по посветеност и сигурност
rnЛошото искуство предизвикува жртва да се чувствува долго време несигурно и нестабилно. Затоа, таа ќе бара посветеност и сигурност од новиот партнер за одново да се почувствува среќно и безбедно.rn
Недоверба во врската
rnЌе има моменти кога жртвата ќе се сомнева во љубовта на партнерот и во фактот дека сега, за разлика од порано, има партнер кој ја сака и ја почитува.rn
Тие се благодарни за сите мали нешта
rnЖената жртва на емоционална манипулација ќе биде вистински благодарна за секој мал гест на љубов и добрина од нејзиниот партнер.rn
Тие се лојални
rnЖените кои биле емоционално манипулирани имаат тенденција да им бидат крајно лојални на мажите кои им ја враќаат вербата во љубовта.rnrnОткако прочитавте за влијанието на емоционалната манипулација, можеби ќе сакате да прочитате и како да препознаете доколку некој манипулира со вас.rnrnИзвор: themindsjournal.com