КАФЕ ПАУЗА

Како да препознаете доколку некој манипулира со вас?

Како да препознаете доколку некој манипулира со вас?

Written by

in

,

Доколку цел живот сте биле опкружени со манипулација, сигурно ви е тешко да ја препознаете како таква или да си признаете дека сте биле жртва на манипулативен однос. Свесни сте за непријатното чувство во стомакот или лутината што ја чувствувате секогаш кога манипулаторот се обидува да си поигра со вас. Но, ете, неговите зборови се полни со благодарност и пријатни за слушање, или на суптилен начин си играат со вашето сочувство или вина. Во тој момент навистина не знаете како да реагирате. Во продолжение прочитајте како ќе препознаете доколку некој се обидува да манипулира со вас.rnrnКако да препознаете доколку некој манипулира со вас?rnrnЛичноста која манипулира со вас може да ви остави впечаток дека се грижи за вас и дека сè што прави, прави за ваше добро, но, всушност, има задни намери. Можеби не сфаќате, но таа личност се обидува да ве заплаши со цел да ве контролира.rnrnМанипулаторите најчесто се служат со следните тактики: вина, жалење, споредување, негирање, глумење незнаење или невиност, игри на умот, претпоставки, емоционална уцена, лажна грижа, сочувство, извинување и ласкање.rnrnТие често ја користат вината што најмногу може да се препознае преку зборовите: „По сето она што го направив за тебе…“, или постојано се однесуваат беспомошно и го бараат вашето внимание. Тие, исто така, можат да ве споредат со некој друг или да пронајдат имагинарни сојузници кои ќе бидат нивните „истомисленици“, па така ќе ви речат: „Сите те озборуваат бидејќи…“.rnrnНекои манипулатори ги негираат своите ветувања и она за кое веќе се договориле претходно обвинувајќи ве притоа вам за нешто што не сте го направиле. На тој начин тие се обидуваат да ве контролираат. Најчест пример во оваа ситуација е родителската манипулација: „Ако ја изедеш вечерата ќе добиеш десерт“, или „Нема видео игри додека не ја напишеш домашната задача“.rnrnЕмоционалната уцена е друг често корисен метод од страна на манипулаторите. Може да вклучи повеќе елементи како бес, заплашување, срам, вина или закани. Тоа што некој ќе ве натера да се срамите, е метод преку кој некој прави да се чувствувате несигурно и да немате самодоверба. Така, реакцијата може да биде изразена дури и преку комплимент: „Изненаден/а сум што од сите останати токму ти го направи тоа!“.rnrnДруг класичен трик е манипулаторот да се обиде да ве исплаши преку закани, обвинувања, покажување гнев, или страшни предупредувања, од типот: „На твоја возраст никој нема да сретнеш ако сега си заминеш“, или играјќи ја улогата на жртва: „Ќе умрам без тебе“.rnrnЗа да се справите со таквиот манипулативен однос е да знаете однапред со кого си имате работа. Проучете ги стратегиите на манипулаторот и откријте кое е нивното омилено оружје. Од друга страна, постојано работете на зацврстување на сопствената самодоверба и самопочит. Ова е вашата најдобра самоодбрана. Покрај тоа, научете да бидете наметливи и да поставувате граници.rnrnОткако прочитавте како да препознаете доколку некој сака да манипулира со вас, можеби ќе сакате да ги прочитате и 5-те знаци што покажуваат дека имате токсичен однос со родителите и како да се справите со тоа.rnrnИзвор: themindsjournal.com