КАФЕ ПАУЗА

Зошто имаме потреба од благо после оброк?

Зошто имаме потреба од благо после оброк?

Само што завршивте со голем оброк, но наместо да се чувствувате полно и задоволено имате неодолива потреба за нешто повеќе. Но, не тежнеете кон месо или зеленчук, туку по нешто благо. Зошто луѓето често имаат потреба за блага храна, дури и по целосен оброк, кој по сите правила би требало да го задоволи нашиот апетит? И покрај тоа што постојат неколку идеи, сепак сè уште никој со сигурност не може да одговори на ова прашање.rnrnЗошто имаме потреба од благо после оброк?rnrnНекои нутриционисти сметаат дека луѓето се „истренирани“ уште од детството да очекуваат благ десерт по оброкот. Во многу фамилии, тоа е долгогодишна традиција (и еден начин на поткупување на децата да ги изедат и броколите).rnrnДруги пак, тврдат дека хемијата во човековиот мозок е „виновникот“ за потребата од благо по ручекот. Некои докази укажуваат на тоа дека консумирањето шеќер (или други видови јаглехидрати) можат да го подобрат апсорбирањето на аминокиселинскиот триптофан кој се наоѓа во одредена храна. Триптофанот потоа овозможува зголемување на нивото на серотонинот, невротрансмитер кој се поврзува со позитивните чувства.rnrnЗа некои луѓе, тешкиот оброк може да резултира со состојба наречена „postprandial“ или реактивна хипогликемија, која го намалува шеќерот во крвта и се препознава преку глад, изнемоштеност, слабост, тресење, сонливост, анксиозност или збунетост, според Националниот институт за здравје. Консумирањето на благата храна е еден начин на справување со овие симптоми. Оваа состојба најчесто се појавува од 1 до 4 часа по оброците кои се полни со јаглехидрати. Реактивната хипогликемија најчесто се јавува и кај луѓе кои имале бајпас на желудникот.rnrnПричините за оваа состојба кои не се настанати како последица од операција се сè уште голема мистерија. Научниците проучувале неколку потенцијални причини, вклучувајќи ги и недостатоците на дигестивни ензими, ниско ниво на хормонот глукагон и сензитивност на хормонот епинефрин. За да се борите против реактивната хипогликемија, докторите препорачуваат јадење помали оброци, избегнување на тешка храна која изобилува со јаглехидрати, јадење храна која е балансирана, разновидна и полна со влакна. И најважно од сè, редовна физичка активност.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.