Реалноста е дека повеќето луѓе одвреме-навреме лажат. Некои од овие лаги се „мали бели лаги“ наменети да ги заштитат чувствата на другите луѓе („Не, не изгледаш дебело во таа кошула!“). Во други случаи, овие лаги можат да бидат многу посериозни како, на пример, прикривање криминал.rnrn
rnrnДоколку се сомневате дека некој не ја кажува вистината, обратете внимание на овие детали:rn
1. Говор на телото
rnКога станува збор за откривање лаги, луѓето често се фокусираат на јазикот на телото. Личноста која лаже во одреден момент ќе стане нервозна и ќе почне чудно да гестикулира или дури ќе се обиде да ги скрие рацете за да ги прикрие потенцијалните знаци на лажење.rn
2. Изрази на лицето
rnЛичноста која лаже ќе има неправилен израз на лицето, како што е смеа што не одговара на ситуацијата или премногу напнат израз кој е несоодветен во тој момент.rn
3. Преувеличување
rnПонекогаш луѓето кои лажат ги преувеличуваат своите тврдења за да ги направат поубедливи. Тие веројатно ќе ја повторат мислата неколку пати во приказната за да се уверат самите во тоа или, ако е можно, ќе вклучат други луѓе во нивната приказна за тоа што го кажуваат да изгледа поверодостојно.rn
Зошто е толку тешко да се открие лажењето?
rnВистината е дека не постои универзален знак дека некој лаже. Сите знаци, однесувања и показатели што истражувачите ги поврзуваат со лажењето се само индиции што би можеле да ги откријат дали личноста е искрена.rnrnНо, следниот пат кога ќе се обидете да ја процените вистинитоста на приказната на поединецот, престанете да барате клише знаци и научете како да забележите посуптилни однесувања што би можеле да се поврзат со лажење. Освен тоа, верувајте во вашата интуиција. Не занемарувајте ја.rnrnОткако прочитавте за знаците според кои можете да препознаете дали некој ве лаже или не, можеби ќе сакате да прочитате и како намаленото лажење ги подобрува и здравјето и врската.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
