Намаленото лажење може да доведе до значајни придобивки за вашето ментално и физичко здравје, според неодамнешна студија која била презентирана на 120-тата годишна конференција на Американската психолошка асоцијација.
За време на конференцијата, истражувачи од Универзитетот на Нотр Дам презентирале „експеримент за искреност“ кој мерел дали кажувањето лаги може да има некакви ефекти врз нашето здравје. Студијата траела околу 10 недели и вклучувала 110 учесници. На половина од групата им било кажано да избегнуваат да кажуваат какви било лаги, вклучувајќи ги и „белите“ лаги за време на овие 10 недели, додека пак другата половина не добила никакви посебни инструкции.rnrnСекој испитаник еднаш неделно поминувал низ мерења за здравјето и врската, како и низ полиграф за да може да се процени отприлика колку лаги кажувал во текот на неделата. Истражувачите откриле дека и во двете групи оние кои помалку лажеле покажувале значително помалку поплаки за менталното здравје (како анксиозност или тага) како и помалку поплаки за физичкото здравје (како болки во грлото или главоболки).rnrnОвој ефект бил многу посилен во групата која „не лажела“ и која воглавно била поискрена отколку во другата група. Дополнително, истражувачите откриле и дека индивидуите кои биле поискрени покажувале подобрување во нивните блиски врски и во општата социјална интеракција таа недела.rnrn
Вежбајте искреност во секојдневието
rn
Искреноста е клучниот дел од среќата и успехот во животот. Можеби постојат ретки ситуации во коишто мала лага би била попогодна, но сепак искреноста е нешто што сите ние би требало да го применуваме што е можно почесто. И најважно од сè, мора да бидеме искрени со себе. Не е можно да бидеме искрени со другите доколку избегнуваме да бидеме искрени со себе.rnrnНеколку од најчестите начини со кои можете да научите како да бидете поискрени во текот на денот се:rnrn
- rn011
- Кажувајте ја вистината за вашите дневни достигнување и избегнувајте да претерувате за она што сте го направиле.
- Не смислувајте лажни изговори за доцнењето или за причините поради кои не сте успеале да завршите одредена задача.
- Доколку не сакате да одговорите на одредено прашање, пробајте учтиво да ја смените темата или поставете друго прашање.
- Признајте ја грешката и извинете се кога ќе повредите или разочарате некого.
- Не ширете гласини и озборувања за други луѓе, посебно за ситуации за кои не знаете ништо.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnПравете мали чекори како овие и со тек на време ќе научите да бидете многу поискрени со себе и со оние околу вас.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
