Ако се плашите од пајаци, веројатно многу вечери сте поминале пребарувајќи на Интернет како да ги спречите да влезат во вашата куќа. Па, што навистина можете да направите за да ги задржите овие животни надвор од вашиот дом?rnrn
rnrnСпоред едно мало истражување објавено во списание за економска ентомологија минатата година, биле тестирани три природни лекови за кои често се зборувало дека ги бркаат пајаците: масло од лимон, од нане и мирис на диви костени, а се сметало дека се ефикасни при бркање на женките.rnrnИстражувачите забележале дека маслото од лимон најчесто се споменува на Гугл, но не откриле докази дека има влијание врз пајаците. Сепак, маслото од нане имало ефекти врз два од трите вида пајаци врз кои било спроведено истражувањето, бркајќи ги пајаците во повеќе од 75% од тестовите. Дивите костени имале благо дејство врз истите два вида пајаци.rnrnОд друга страна, ученици од Велика Британија добиле награда од Кралското хемиско друштво за истражувањето дали пајаците навистина бегаат од диви костени. Според нивниот мал експеримент, теоријата со костените е бесмислица затоа што пајаците не покажувале апсолутно никакви знаци на страв.rnrnСепак, постојат неколку други решенија.rnrnМачките можат да завршат прилично добра работа при ловење и јадење пајаци. Ако пајакот не е од отровен вид, мали се шансите да ѝ биде лошо на вашата мачка.rnrnРедовното чистење на куќата може да ви помогне во отстранувањето на пајаците, колку и да звучи досадно. Нивните гнезда можете да ги отстраните со правосмукалка или со бришење прашина на подот.rnrnИсто така, можете да ги спречите пајаците да влезат во вашата куќа со затворање на пукнатините на ѕидовите. Вратите и прозорците нека ви бидат затворени колку што е можно почесто.rnrnПогледнете ги овие 10 совети што ќе ви помогнат да ги перете алиштата како професионалец.
Како да ги спречите пајаците да влезат во вашиот дом оваа есен?
