КАФЕ ПАУЗА

Подгответе ги боичките, започнува најголемиот детски ликовен конкурс на Ладна

Подгответе ги боичките, започнува најголемиот детски ликовен конкурс на Ладна

Започна добро познатиот детски ликовен конкурс на Ладна, кој првонаградените заедно со нивните семејства ќе ги однесе во престолнината на Франција, градот Париз, и тоа на незаборавно тридневно доживување во Дизниленд. Ова е периодот од годината кога Ладна ги мотивира дечињата да го прават она во кое тие најмногу уживаат, а тоа е цртањето!rnrnПодгответе ги боичките, започнува најголемиот детски ликовен конкурс на ЛаднаrnrnСекоја година конкурсот има различна тема на која детските рачиња ги цртаат нивните замисли, па така темата на овогодишниот ликовен конкурс е: „Мојот замислен цртан лик“. Затоа седнете со вашите најмали и поразговарајте на оваа тема, инспирирајте ги и охрабрете ги да го нацртаат нивниот замислен лик. Насоките се бесконечни, може да замислат и да нацртаат некое необично животно, некоја нова принцеза, нов суперхерој, некое интересно чудовиште, имагинарен пријател… Потребна е само детската фантазија да му даде на ликот форма и боја.rnrnЦртежот заедно со податоците на детето (име и презиме, датум на раѓање, адреса и телефонски број), испратете ги на адреса: ул. „1732“ бр. 2, 1000 Скопје, со назнака „За Ладна ликовен конкурс“, најдоцна до 8 мај 2019 година.rnrnНатпреварувањето ќе биде поделено во две категории и тоа, деца на возраст од 4 до 7 години – родени во периодот од 09.05.2012 до 08.05.2015 и деца на возраст од 7 до 10 години родени во периодот од 09.05.2009 до 08.05.2012 година.rnrnИзборот на победниците ќе го направи стручно жири кое ќе има за задача да одбере по три најинтересни цртежи во секоја категорија, за кои Ладна обезбеди супер награди и тоа: 2 тридневни патувања во Дизниленд – Париз, 2 годишни курсеви за цртање и 2 таблети за цртање.rn

„Многу ни значи што успеавме петта година по ред да го реализираме овој ликовен конкурс од награден карактер и со тоа да заокружиме една скромна целина и да прославиме мал јубилеј. Кога ќе погледнеме наназад, од цртежите кои сме ги добиле за овие 4 години, стануваме свесни за силната и уникатна уметничка моќ која ја поседува секое дете. Детската креативност и фантазија се корисни за нивниот развој, и среќни сме што ги мотивираме децата да ги нацртаат своите најубави уметнички дела“, велат од Ладна.

rnЗа сите заинтересирани повеќе детали за конкурсот, но и за многубројните изненадувања во следните недели, може да прочитате на Facebook страната на Ладна.rnrnИспраќајте цртежи и следете нè на www.ladna.com.mk.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=y8_1jsOsR_c