Одмор од соништата – Бали

Сподели

Каков одмор посакувате? Плажи? Убава глетка? Релаксација? Култура? Егзотична кујна? Тогаш Бали е местото кое го барате!

Реклама

Островот Бали е дел од Индонезија. Се наоѓа во јужниот дел на тропските предели меѓу Австралија и Виетнам. Иако островот е мал, тој е главна туристичка дестинација, годишно го посетуваат околу 3 милиони посетители.

На островот се наоѓаат едни од најубавите плажи во светот, како и прекрасни корални гребени за нуркање. Други атракции вклучуваат бујни пејзажи, посета на дивите предели, прекрасни храмови, јога и многу повеќе. На Бали едноставно нема што нема. Единствениот проблем е тоа што никогаш нема да сакате да се вратите дома.

Во продолжение места и нешта кои мора да ги доживеете кога веќе одите на Бали.rn

Плажата Блу поинт

rnОваа плажа ќе ви го одземе здивот. Се провлекува под карпа и често туристите велат дека имаат чувство како да се на приватна плажа, без разлика на големиот број посетители.

Оваа плажа не само што има извонреден поглед на океанот, туку ќе може да уживате и во глетката на бранови кои се удираат во големата карпа. Ќе уживате и во глетката на кристално чистата вода во некои од рестораните на брегот.rn

Прошетка по долината Кампухан

rnОваа прошетка ќе ви биде една од најубавите и најрелаксирачките прошетки кои некогаш сте ги имале. Ќе имате можност да уживате во природата, во најубавите пејзажи кои мора да ги доживеете за да ги почувствувате на вистинскиот начин. Прошетката по долината Кампухан не е напорна, туку баш напротив е многу смирувачка. А најубавото, (ако воопшто може да се издвои нешто како најубаво) следува на крајот од патеката. Таму ве чека кафуле каде ќе ве послужат со огромен број традиционални пијалаци и јадења.

rn

Тирта Ганга

rnВодена градина што му припаѓа на кралското семејство Карангасем. Се наоѓа во средината на селските оризови полиња, опкружена со природни извори. Градината е составена од растенија, скулптури, фонтани во вода, потоци, базени и многу повеќе.

Составена е од три нивоа. На првото има базен, две декоративни езерца, неколку фонтани и природен извор кој се протега под големо дрво. Од една страна фонтаните се ремек-дела кои стојат рамо до рамо со делата во Версај, а од друга страна пак тоа е духовно место за медитација.

Второто ниво има накривена 11-катна фонтана, која може да се види од сите страни на градината.

Последното ниво е најголемо. Се состои од езеро и остров во средината кој се вика Демонски остров.

Водата што тече низ природните извори отсекогаш се сметала за света, и често се користи во религиозни церемонии, но во некои делови можете и да пливате.rn

Островот Мнџанган

rnСигурно нема да одите со очекување дека ќе видите елен на Бали. Но, зборот мнџанган значи елен на индонезиски. Всушност островот го добил името по многуте диви елени кои пливаат во водата секоја пролет.

Па така вие ќе имате уште едно неповторливо доживување, да ја почувствувате ретката и недопрена природа на Бали. Кога велам недопрена тоа е во буквална смисла на зборот, затоа што таму нема продавници, ресторани, хотели, местото е ненаселено.rn

Американскиот брод на слободата

rnОвој брод бил Американски војнички карго брод кој потонал за време на Втората светска војна. Денес тој претставува вистинска атракција на Бали. Прво ќе можете да го видите него, второ ќе ја видите дивата водна природа и трето, ваквиот вид нуркање е одличен за почетниците затоа што тука брановите не се големи.

rn

Ѓаволска солза

rnЃаволска солза е одделена карпа на еден од многуте острови на Бали. Го добила своето име поради звуците кои ги создава кога брановите удираат во карпите.

Водата е неверојатно чиста. Карпестите формации се уникатни. Тука ќе ги оживеете сите ваши сетила. Брановите може да бидат и многу големи па се препорачува поголем степен на претпазливост.

rn

Слонова пештера

rnДали некогаш сте замислиле какво е чувството да влезете во устата на демонот? Тоа ќе може да го дознаете во Слоновата пештера. Создадена е во IX век и тогаш служела како светилиште. На надворешната страна има застрашувачки камени резби кои ве отпоздравуваат, вклучувајќи го и демонот што некогаш претставувал слон (оттука доаѓа и името). Најверојатно порано служела како место во кое се штителе од лошите демони. Во околината има будистички храм, мали водопади и многу природа.

rn

Светилиштето во светата шума на мајмуните

rnДоколку сакате да имате директен контакт со мајмуни ова е вистинското место за вас. Во прошетката и разгледувањето на храмовите ќе имате можност да бидете опкружени со мајмуни и други животни. Мајмуните знаат да бидат палави, но во принцип се добро социјализирани. Ако имате среќа може ќе успеете да направите селфи со некое мајмунче. Но, никој не ви гарантира дека нема да ви ја украдат храната.

rn

Прошетка низ селото Мајонг

rnАко сакате да го истражите Бали како локално населено место тогаш правото место за вас е селото Мајонг. Треба да си најдете некој кој добро го познава местото, за да ви раскаже за сите специфични видови вегетација, дел од културата, религијата и обредите.

Луѓето таму се многу дружељубиви, па сигурно нема да ви дозволат да јадете некоја купечка храна, туку ќе инсистираат на домашните специјалитети зготвени по единствени традиционални рецепти.rn

Театарот Девдан

rnЕксплозивен микс од традиционалното и современото. 90-минутно шоу кое ви прави прошетка низ традицијата на Бали. Ора, различни танци, пеење, костими. Но истовремено тие изобилуваат со фасцинантна технологија која се базира на специјални ефекти на дожд, оган, разни пиротехнички средства како и ротациони сцени. Кореографијата е визуелно уживање кое претставува сплет на воздушни акробации, традиционални танци, па дури и современ хип-хоп.

rn

За секого по нешто

rnОваа листа е бесконечна затоа што има толку многу да се види на Бали. Навистина има за секого по нешто. Без оглед на она што го барате од одморот, со сигурност ќе може да се пронајдете на овој остров.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира