Џоел Џинџелар е фотограф специјализиран во областа на црно-белата фотографија со долга експозиција. И покрај тоа што учел криминално право тој отсекогаш сакал да биде архитект, па барајќи соодветна замена за својот неостварен сон, се заљубил во фотографирањето на неверојатните градби низ светот.rnrn
„Ја обожавам црно-белата фотографија бидејќи со отстранувањето на бојата, суштината на објектите, ситуациите, пејсажите и луѓето станува многу повидлива. Од вас зависи што ќе правите со контрастот, светлината, формите и линиите за да ја истакнете суштината или она кое вие го гледате како суштинско. Без боите да ги заведуваат вашите очи, остануваат само емоции кои ќе ви го освојат срцето. Ако го направите тоа како што треба…“
rn
„Јас не верувам во необработени фотографии. Верувам во артистичкиот резултат и во визуелизацијата на погледот кон светот на артистот. Фотоапаратот е само хардвер кој нема ум, душа и креативност, туку само моментално снима одредена ситуација, непристрасно и без емоции. Јас не сум заинтересиран за визијата на парче хардвер, туку за визијата на умот и душата на артистот кој ќе ја измени фотографијата за да ја покаже својата реалност. Тоа е разликата помеѓу фотографијата и уметноста.“
rn





Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
