Кога станува збор за изгледот на лицето, еден од најчестите проблеми е зголемените пори на лицето. Покрај фактот дека изгледот е делумно под влијание на генетиката, многу жени несвесно прават грешки што влијаат на нивниот тен и на кожата.rnrn
rn
Непрофесионално стискање на митесерите
rnАко имате проблем со црнките, последното нешто што треба да направите е да ги стискате сами. Покрај тоа што никогаш нема да ја завршите работата докрај, ќе им го отворите патот на нечистотиите што ќе предизвикаат инфекција и дополнително ќе ги прошират порите.rn
Користите пилинг премногу често
rnПрекумерниот пилинг на лицето ќе го оштети површинскиот слој на кожата, а за да се заштити, таа ќе произведува големи количини себум, што предизвикува мрсна кожа и проширени пори. Пилингот на лицето треба да се прави само еднаш неделно и да не се користат агресивни средства.rn
Избегнувате употреба на крем за лице
rnНекои жени сметаат дека не треба да нанесуваат крем за лице затоа што имаат мрсна кожа. Сепак, тоа во никој случај не е добро. Ако не нанесувате крем, кожата почнува да лачи повеќе себум бидејќи не се храни правилно. За да ги направите порите помалку забележливи, изберете козметички производ што одговара на видот на кожата.rn
Не користите тоник за чистење на лицето
rnТоникот е важен производ што треба да го користите секој ден. Неговата улога е да го регулира лачењето на себумот, да ја чисти кожата и да им дозволи на хранливите материи од маслата и од кремовите да навлезат длабоко во кожата.rn
Внесувате големи количини шеќер во организмот
rnРафинираниот шеќер е една од главните причини за проширени пори. Обидете се да го намалите внесувањето на слатки и засладени пијалаци, а потребата за шеќер да ја задоволите со свежо и суво овошје.rn
Нанесувате шминка слој по слој во текот на денот
rnЛицето ви е мрсно и решивте да нанесете уште малку пудра во прав на Т-зоната? Во тој момент создавате услови за раст на бактерии. Наместо да нанесувате нов слој пудра, отстранете го вишокот мрснотии од лицето со хартиено марамче.rnrnПрочитајте што може да ѝ се случи на вашата кожа ако го миете лицето само еднаш на ден.