КАФЕ ПАУЗА

Хороскопот открива: Кој е вашиот идеален летен љубовен партнер?

Хороскопот открива: Со кого би требало да бидете во љубовна врска летово?

Летото е одличен период за запознавање нови луѓе, патување на различни места и започнување возбудливи љубовни авантури. Меѓутоа, ако решите да се препуштите на летната романса, многу е важно да го направите тоа со вистинската личност. Овој хороскоп ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер за ова лето со кого ќе доживеете незаборавни моменти…rnrnХороскопот открива: Со кого би требало да бидете во љубовна врска летово?rn

Овен: Фитнес манијак

rnОва лето вие сте решени да останете во форма и да се чувствувате одлично во своја кожа. Но, вашите физички вежби и зелени смудиња ќе бидат многу позабавни ако имате партнер кој ќе ве придружува во сите ваши подвизи за подобро здравје. Големи се шансите да започнете кратка врска со вашиот тренер или со она слатко момче со совршени стомачни од истата сала за вежбање.rn

Бик: Фенси романтичар

rnПознато е дека Биковите обожаваат ексклузивни и фенси настани кои изобилуваат со раскош. Токму затоа, вашиот љубовен партнер за ова лето ќе го најдете на отворањето на некој нов луксузен ресторан, или, пак, на премиерата на најновата театарска претстава. Ќе ве привлекуваат луѓе облечени според последните модни трендови, кои ќе ве освојат со нивната самодоверба и гордо чекорење по црвениот тепих.rn

Близнаци: Гурман со префинет вкус

rnВашата љубов кон храната нема да познава граници летово и ќе бидете расположени за пробување секакви јадења. Секако дека ќе ви биде потребен партнер за сето тоа, бидејќи сѐ е позабавно кога се прави во друштво. Ќе уживате во присуството на некој со кој ќе можете да имате интелигентни разговори додека пробувате некоја егзотична храна и кој ќе биде расположен да ви носи појадок во кревет со домашно подготвено кафе.rn

Рак: Зафатен диџеј

rnОва лето вие ќе сакате да се забавувате како никогаш досега и буквално ќе ги затворате сите можни клубови во градот. Ќе уживате во добрата музика и ќе танцувате до раните утрински часови. Вашето внимание ќе го привлече згодниот диџеј кој секогаш ви ја пушта омилената песна кога ќе ја нарачате. Има ли нешто попривлечно од талентирано и мистериозно момче кое секогаш знае да ја подигне атмосферата во клубот, а притоа успева да делува незаинтересирано за сите оние девојки кои танцуваат во негова близина? Нема сомнеж дека ќе бидете главната ѕвезда ова лето, па така уживајте во вашите 5 минути популарност.rnrnХороскопот открива: Со кого би требало да бидете во љубовна врска летово?rn

Лав: Софистициран заводник

rnПостојано се прашувате кога луѓето престанаа да се дотеруваат за љубовните состаноци и каде исчезна романтиката која толку многу ќе ви биде потребна летово. Според тоа, не е воопшто чудно што ќе ја изгубите главата по озлогласените шармер кој ќе ви ги симне сите ѕвезди од небото. Ќе уживате во вниманието што ќе го добивате во форма на слатки пораки, ненадејни полноќни посети и цвеќиња скинати од градината на соседот. Додека лебдите на седмо небо, внимавајте само да не треснете на земја, бидејќи има причина зошто овој заводник го следи толку лоша репутација.rn

Девица: Личен фотограф

rnОва лето вие ќе сакате да доминирате и буквално ќе блеснете на секој можен важен настан. Ќе зрачите со особена самодоверба и сите ќе ја забележат вашата шармантна природа. Зад секоја ѕвезда, стојат еден куп фотографи, па така ни вие нема да бидете исклучок. Ќе ви биде потребен некој кој ќе биде подготвен да ја овековечи оваа ваша неочекувана трансформација и кој верно ќе го следи секој ваш чекор. Немојте да чувствувате вина поради вниманието што ќе го добивате. Имате право и вие да имате еден потрчко во животот кој ќе ја исполнува секоја ваша желба.rn

Вага: Чувствителен гушкач

rnВагите летово ќе бидат многу мрзливи и деновите ќе ги поминуваат легнати на кауч, гледајќи ја омилената ТВ серија. Ќе уживате во вашата самотија, но ќе ви биде потребен и некој кој внимателно ќе ве слуша и со кој ќе можете да предвидувате што ќе се случи во следната епизода. Тој исто така ќе мора да биде и добар гушкач, бидејќи и покрај високите температури, на секого му е потребна малку нежност. Домашната атмосфера и разговорите кои траат до доцна во ноќта ќе станат ваше секојдневие ова лето.rn

Скорпија: Страстен активист

rnКлиматските промени, непредвидливиот развој на економијата и можноста за апокалипса се најголемите закани за овој хороскопски знак кој е опседнат со безбедноста. Но, не грижете се бидејќи ова лето вие ќе го најдете вашиот заштитник и спасител. Ќе ве привлече некој кој ќе се интересира за проблемите кои го засегаат светот и ќе се залага за подобрување на ситуацијата во општеството. Големи се шансите дека вашиот витез ќе го запознаете на некој протест или хуманитарна акција за заштита на животните.rn

Стрелец: Слатка бубалица

rnДоста ви е веќе од површни луѓе и бесмислени разговори. Од кога не сте имале некоја интелигентна дискусија или дебата која траела со часови? Вашето време е драгоцено и не сакате да го трошите повеќе на озборувања и анализи на сестрите Кардашијан. Токму затоа, вашето внимание ќе го привлече она слатко момче кое се разбира од компјутери и се одликува со висока интелигенција. Можеби нема да може да целосно да ја следи вашата дива природа и постојана потреба за нови авантури, но барем ќе имате со кого да разговарате на теми од најразлични области. А и добро ќе ви дојде да се смирите малку и да научите да уживате во пријатната тишина.rnrnХороскопот открива: Со кого би требало да бидете во љубовна врска летово?rn

Јарец: Бестрашен џет сетер

rnОва лето ќе сакате да патувате и да откривате нови егзотични дестинации. А има ли подобар придружник за тоа од оној привлечен џет сетер чиј Инстаграм изобилува со фотографии од целиот свет? Вам ви треба некој кој ќе биде постојано подготвен за авантура, а не некој кој постојано ќе се жали дека не сака сонце и се плаши да влезе во море за да не види медуза. Копнеете по автентично искуство, што подразбира изнајмување вила, сладок апартман со поглед на море, па дури и шатор. Има ли нешто поромантично од спиење под отворено небо во прегратките на вашиот партнер, додека ѕвездите суптилно ја осветлуваат ноќта и ја прават магична?rn

Водолија: Секс гуру со неодолив поглед

rnОва лето ќе сакате да доживеете незаборавна љубовна авантура со некој егзотичен странец кој ќе ви пружи такво сексуално задоволство какво што отсекогаш сте замислувале. Нема да ви биде грижа дали оваа врска ќе трае или, пак, никогаш нема да се видите повеќе. Целосно ќе се препуштите на моментот и ќе уживате со сите ваши сетила. Нема да ви биде доволно да остварите само физичка поврзаност, туку ќе сакате вашите тела и души да се соединат во едно, па затоа ќе барате некој искусен љубовник кој нема да се плаши да ги покаже своите чувства. Веројатноста е дека ќе отидете на одмор и ќе „паднете“ на оној мистичен странец, кој го гледате како медитира на плажа секое утро.rn

Риби: Љубител на култура и уметност

rnНепоправливите романтичари и сонувачи ќе се вљубат во некој кој е редовен посетител на музеи и галерии и со кого ќе можат да разговараат за сѐ, од регионални вина до феминистички теории. Вам ви треба некој кој ќе ја извлече уметничката страна од вас и постојано ќе ве збогатува со нови информации. Нема ништо попривлечно од вистински разговор за книгата која ви оставила впечаток или за последната театарска претстава што сте ја гледале. Несомнено е дека ова лето културно ќе се надградите и уште повеќе ќе ја развиете вашата креативност и имагинација.