5 работи кои никој не ви ги кажува во вашите 20-ти

Сподели

Животот може да биде збунувачки за 20-годишниците. Но, еве што сè треба да знаете во овој период од животот а никој не ви кажува.

Реклама

rn

1. Некогаш новите врски и пријателства ќе ве чинат губење на старите

rnЛуѓето доаѓаат и си одат од нашите животи. Но, мал број луѓе се тука постојано и треба да ги чуваме. Што се однесува на другите, едноставно прифатете го тоа како факт и како нешто што му се случува секому. Имено, едно истражување од Оксфорд покажало дека во просек, секој човек со влегување во нова романтична врска губи по двајца пријатели. Никој не ни кажува дека кругот на пријатели се менува, но тоа е вистината и воопшто не е толку страшно како што звучи. Луѓето растат, ги менуваат приоритетите, се оддалечуваат… Не сте виновни вие.

rn

2. Вашите колеги и надредени не мора да ви бидат и пријатели

rnИако вашите нови колеги се баш пријателски настроени, не мора да значи дека треба да ги прифатите како ваши пријатели и во приватниот живот и да чувствувате обврска да се дружите за време на викенд. По некоја пијачка после работа е во ред, но не очекувајте дека задолжително ќе ви станат и најдобри пријатели. Дури и ако не сте блиски ни за време на работа, во ред е, повеќето и не се. Вие сте таму за да си ја вршите својата работа и тие нивната, без притисоци. Ако пак патем станете најдобри пријатели, тоа е секогаш добредојдено.

rn

3. Во ред е да не знаете што ќе правите во животот

rnНе мора да ги имате одговорите на сите прашања во овој период од животот. Родителите, пријателите, роднините, сите ќе ве прашаат што понатаму. Во ред е ако не знаете. Имате куп можности пред вас и не се ограничувајте. Никој од вас не бара да знаете сè. Некогаш најнеочекуваните нешта се најслатки и најдобредојдени. Некогаш нема да имате никаков план што ќе правите со себе и за некое време ќе се наместат коцките на најдобар начин, онака како што не сте ни очекувале.

rn

4. Раскинувањата се секогаш лоши, но и секогаш носат нешто добро

rnПрекинување на врска или пријателство никогаш не е убава ситуација. Но, по секое раскинување животот ви подарува нова, свежа перспектива на нештата. Без разлика колку е болно, тоа е процес низ кој мора да поминете достоинствено.

rn

5. Многу сте посилни отколку што мислите

rnНикој не си ги знае скриените моќи сè додека не дојде време да ги употреби. Многу нешта ве плашат во животот и иднината на нас 20-годишниците ни изгледа како голема нејасна топка во која искрено, се плашиме како би се снашле. Но, верувајте, многу сте посилни отколку што мислите. Ќе бидете во ред, и сè ќе биде во ред бидејќи со што и да се соочите ќе излезете поумни, поискусни и како вистински херои. Затоа, без грижа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира