КАФЕ ПАУЗА

Фустан кој може да се носи на 50 различни начини

Фустан кој може да се носи на 50 различни начини

Фустанот кој може да се трансформира во различни форми со едноставно поседување на траката, постана вистински хит помеѓу жените. Американската дизајнерка Надја Тар, верува дека нејзиниот фустан „Butter by Nadia“, е решение за кризата во сечиј женски плакар.rnrnrnrnОвој фустан, кој може да се купи во различни должини и бои се трансформира на 50 начини, со едноставно подесување на траката. Таа може да се врзе околу половината или вратот, да се намести како тоалета со тенки прерамки или со кратки ракави.rnrnОва модно парче, на официјалната страница на дизајнерката се продава по цена од околу 360 евра. За оние на кои тоа им е премногу, фустанот можат да го изнајмат по цена од 70 евра за два дена или 81 евро за седум дена.rnrnФустанот е изработен од вештачка свила и спандекс, растеглив синтетички материјал. Благодарение на растегливиот дизајн, фустанот е достапен само во една големина, а може да го облечат жени кои ги носат сите различни конфекциски броеви.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.