Во организација на Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување „Пакомак“ и продуцентската куќа „Пасворд продукција“ на 20 јуни во 20.00 часот во летниот клуб Хавана (во градскиот парк во Скопје) ќе се одржи четвртиот по ред „Sound of green“. Пред скопската публика ќе настапат едни од најдобрите македонски имиња: Фолтин, Eye Cue, June и неколку познати ДЈ-и.rnrn
„Нè радува фактот што овој фестивал стана репрезентативен настан што многумина со радост го чекаат, важна дата од музичкиот календар во Македонија, збиднување што носи добри впечатоци и шири позитивни практики. Нашата компаниска цел за подигнување на јавната свест, веќе четврта година по ред ја манифестираме и преку поддржување на добрата музика и квалитетното дружење, развивање на пријателство и култивирање на фер однос кон животната средина. Ги повикувам сите да дојдат и да уживаат во музиката, носејќи со себе по три пластични шишиња како влезница за фестивалот, а ние ќе се погрижиме истите да завршат на рециклирање“ – изјави Ико Брдароски, Менаџер за грижа на корисници во Пакомак.
rn