Врнежливите денови не смеат да ве спречат во тоа да имате интересни мигови со саканата личност. Можеби не е идеално време за љубовни состаноци, но со малку креативност може да имате забавно лето дури и кога врне. Како? Ние имаме неколку едноставни идеи за вас.rnrn
rn
1. Читајте заедно во кафуле
rnИма нешто смирувачко во пиењето кафе во омиленото кафуле додека надвор врне. Секако, нешто што дополнително ќе придонесе да се чувствувате убаво е вашата омилена книга и присуството на саканата личност. Па, ете ви одлична идеја за љубовен состанок – уживајте заедно додека читате!rn
2. Гответе заедно
rnНе се грижете доколку не сте најдобриот готвач, тоа што е навистина важно е забавата. Размислете за тоа кои ви се омилени јадења и гответе еден за друг. Каков и да е крајниот резултат, сигурни сме дека ќе поминете квалитетно време заедно, работејќи како тим.rn
3. Одете на вечера
rnАко воопшто не ви се готви, дотерајте се и одете на вечера. Веруваме дека имате листа со ресторани кои сакате да ги посетите, па ете ви прилика. Време е да го пробате специјалитетот за којшто зборувате со недели, а сте го виделе на Инстаграм.rn
4. Играјте друштвени игри
rnМонопол, Ризик, Џенга… изборот е голем. Облечете се удобно, земете нешто за грицкање и играјте со часови. Секако, на крај губитникот треба да чести билети за наредната посета на музеј.rn
5. Посетете музеј
rnПосетата на музеј може да биде одлична идеја бидејќи ќе научите нешто ново, а во исто време ќе бидете на затворено. На врнежлив ден, дури и музеите можат да бидат романтични.rn
6. Разбудете го детето во себе
rnОдвреме-навреме, добро е да се навратите на детските игри. Извадете ги вашите гумени чизми и скокајте во вирчиња. Звучи детски, но ќе ви биде многу забавно! Можеби ќе добиете по некој чуден поглед од луѓето во околината, но тие само ќе ви завидуваат на слободата која ја чувствувате.rn
7. Вежбајте заедно
rnДури и ако вежбањето е последната работа која сакате да ја правите, тоа може да биде сосема поинакво искуство доколку вежбате со саканата личност. Трчајте заедно на трака или правете вежби за стомачни. Сѐ е полесно кога ја имате потребната поддршка од партнерот. Исто така, смеењето троши калории, па слободно насмејте му се доколку погрешно ги прави вежбите.rn
8. Гледајте претстава
rnНема ништо подобро од уживање со одлична приказна на „даските што живот значат“. Во македонските театри се играат одлични претстави, од комедија до драма. Отворете го нивниот репертоар и одберете нешто што ќе ви го привлече вниманието.rnrnДоколку сакате авантури, еве и неколку уникатни идеи за љубовни состаноци.