По 30 години поминати во криење од злото во шумата, Еш станува единствената шанса за спасот на човештвото
rn
Главни улоги: Брус Кемпбел, Џил Мери Џоунс, Реј СантијагоrnrnЖанр: акција, комедија, хорорrnrnКреатори: Ива Раими, Сем Раими, Том СпециалиrnrnПремиера: 31 октомври 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 30 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnАко сте го гледале хоророт „Evil Dead“ од 1981 година, тогаш веќе добро знаете кој е Еш. Оваа ТВ серија продолжува 30 години подоцна, кога Еш е осаменик и живее едноставен живот, сè уште криејќи се од она што се случило во куќата во шумата. Но, по враќањето на истото зло во светот, по негова вина, тој ќе мора конечно да се исправи на своите нозе и да застане на патот на злобните мртви со цел да ги спречи да го уништат човештвото. Тој е можеби единствената шанса која луѓето ја имаат за спас.rnrn
rnrnСтанува збор за хорор приказна со хумористични елементи која истовремено ќе ве ужасува, но и смее. Брус Кемпбел добро го познава својот лик, Еш, кој мора да признаеме дека е како измислен за него и со тоа само дополнително ја прави оваа серија одлична за гледање. Па, доколку сте расположени за добра забава проследена со многу крв, злоба и мртви подготвени на најзастрашувачка одмазда, тогаш оваа ТВ серија е совршен избор за вас. Имајте на ум дека и покрај тоа што е комедија, сепак има вознемирувачки сцени, па доколку не сте фан на хорор жанрот, има шанси да не ви се допадне.rnrn

