Едноставен начин на исхрана за лесно губење вишок килограми

Сподели

Ниту една жена на светот не е целосно задоволна со изгледот на нејзиното тело. Но, ретко кој сака да се откаже од омилената храна, па затоа обично дамите бараат начин да јадат колку што сакаат без да се здебелат. Една современа жена со малку време и многу обврски ја пронашла совршената диета за сите урбани припаднички на понежниот пол. Не станува збор за големи промени во начинот на исхрана, туку за замена на одредени прехранбени продукти со поздрави. Во продолжение прочитајте го нејзиното неверојатно откритие…

Реклама

rn

Леб

rnТаа го заменила лебот со бисквити, крекери и црн леб. Како што минувало времето, таа почнала малку по малку да ги намалува порциите и открила дека не ѝ требало толку леб иако порано го обожавала.rn

Газирани сокови

rnКога не можела да ги одбегне газираните сокови, таа ја одбирала нискокалоричната варијанта. Сепак, се обидувала да го сведе пиењето газирани сокови на минимум.

rn

Алкохолни пијалаци

rnТаа се обидувала воопшто да не пие алкохол, но понекогаш тешко е да се одбегнат овие пијалаци, особено ако присуствувате на некој настан или сте излегле со пријателите. Во такви случаи, таа пиела вино, поради неговите здравствени придобивки.rn

Шеќер

rnЛесно било да се замени шеќерот, бидејќи постојат многу видови нискокалорчини засладувачи. Требала да обрне само малку повеќе внимание за да ги вклучи во нејзините редовни оброци.

rn

Сокови

rnОва било голема промена за целото семејство. Таа целосно ги отфрлила вештачките сокови од исхраната и почнала да пие само природни. Нејзините деца ги обожавале!rn

Кафе

rnЦрното кафе исто така лесно го заменила со зелено кафе. Зеленото кафе има повеќе здравствени придобивки, но најдоброто е тоа што е природен производ кој ти топи мастите. Има малку поразличен вкус, но брзо ќе свикнете на него.

rn

Појадок

rnСигурно сте чуле дека појадокот е најважниот оброк во денот кој никако не смеете да го прескокнувате. Мора да појадувате доколку не сакате да се здебелите. Така, таа решила дека ќе појадува секое утро без оглед на сѐ и воедно вовела некои промени во оброкот. На пример, ги заменила јајцата и сланината со јајца и зеленчук.rn

Чоколадо

rnДоколку сте големи љубители на чоколадото, сигурно не ви ни паѓа на памет целосно да се откажете од него. Кој би се откажал од ова вкусно задоволство?! Најдобро е да се префрлите на темно чоколадо. Колку што е потемно и погорчливо чоколадото, толку помалку маснотии содржи.

rn

Овошје

rnСекако дека овошјето е корисно за здравјето, но постојат некои висококалорични овошја кои би требало да ги одбегнувате ако сакате да ослабите. Почнете да јадете црвено овошје, бидејќи тоа е одличен извор на антиоксиданси. Зеленото овошје како што е кивито и јаболката содржат голем број витамини кои ќе направат чуда за вашата линија.rn

Преливи

rnДоколку обожавате мајонез, лесно можете да го замените со многу алтернативи како што се крем сирење, авокадо, маслиново масло и слично. Резултатите со сигурност нема да изостанат!

rn

Јогурт

rnНе треба да се откажувате од јогуртот, туку да го замените со домашен или нискокалоричен. Оваа мала промена за кратко време ќе ве доведе до посакуваните резултати.

Освен тоа, добро би било да почнете да пешачите по 30 минути секој ден. Применувајте ги овие златни правила и без никаков напор ќе забележите позитивни промени во изгледот на вашето тело и здравје.

Доколку навистина сакате да се ослободите од вишокот килограми, прочитајте ја оваа здрава и брза диета за слабеење без напор.

Најново

Може ќе ве интересира