Ако сакате брзо да ги согорите мастите и секогаш да носите правилен избор во исхраната, тогаш применете некој од следниве совети. Важно е да останете здрави, да јадете умерено и да консумирате разновидна храна.rnrn
rn
1. Холестерол
rnПодолго време експертите советуваат дека холестеролот е штетен за нашето тело и дека препорачаната максимална дневна доза е 30 милиграми. Меѓутоа најновите откритија се спротивни од оваа препорака, покажувајќи ни дека постојат многу малку докази дека холестеролот од храната што ја консумираме го поттикнува растот на холестеролот во крвта. Тоа секако не значи дека секојдневно треба да се јаде пилешка кожа или јајца, туку дека треба да се водиме до умерена диета.rn
2. Шеќер
rnВодичот за исхрана ни открива дека дневното внесување калории од шеќер треба максимално да изнесува 10 проценти од вкупниот број консумирани калории. Тоа значи дека ако дневно внесувате 2.000 калории, тогаш не се препорачува да внесете повеќе од 200 калории преку шеќерот. Меѓутоа олеснувачка околност е тоа што оваа препорачана количина не ги вклучува овошните и млечните производи, бидејќи шеќерот во нив е природен дел.rn
3. Заситени и транс масти
rnМногу е важно кој тип масти ќе го изберете. Лошите, заситени масти од путерот и пилешката кожа би требало да се ограничат на помалку од 10 проценти од вкупниот број дневно внесени калории. Од друга страна пак, треба да го зголемете внесувањето на добрите масти преку авокадото, маслиновото масло и јаткастите плодови.rn
4. Натриум
rnДневната консумација на натриум треба да ја ограничите на помалку од 2.300 милиграми (приближно колку една кафена лажичка сол).rn
5. Алкохол
rnАлкохолот може да биде дел од здравата исхрана, но само ако се консумира умерено, што значи дека можете да испиете најмногу две пијачки во денот. Една пијачка вклучува 355 милилитри пиво, 148 милилитри вино или 45 милилитри вотка или рум.rn
6. Кофеин
rnСлично како и алкохолот, кофеинот може да биде дел од здравата исхрана, но не би требало да пиете повеќе од 400 милиграми дневно, што значи три до пет шолји кафе од 230 милилитри. Меѓутоа во водичот за здрава исхрана се споменува дека ако не пиете кафе, тогаш нема причина сега да започнете.rn
7. Здравата исхрана е индивидуална
rnНе мора сите да изберете ист тип протеини или да јадете ист вид зеленчук. Она што избирате да го јадете се заснова на продуктите што сакате или не сакате да ги јадете, културата, традицијата, религијата, финансиската состојба и достапноста до некои продукти. Важно е да останете здрави и да консумирате разновидни продукти од различни групи: житарици, овошје, зеленчук, протеини (како што се чистото месо, морските плодови, грашокот, гравот, јаткастите плодови, сојата…), продукти со низок процент масти, млеко без маснотии, како и здрави масти.