Понекогаш е навистина тешко да се опише љубовта со само еден збор. Таа е неверојатен збир од чувства започнувајќи од еуфорија, па сè до тага. Можете да имате среќна љубов, тажна љубов, љубов која ве прави силни, но и љубов која ве уништува. Сепак ние сме го собрале сето ова во еден збор – љубов.rnrn
rnrnДревните Грци знаеле нешто повеќе за љубовта, па смислиле 6 збора со која ја опишуваат. Па, што мислите, каква љубов имате вие во вашиот живот?rn
1. Филија (Philia)
rnСтанува збор за длабока љубов која најмногу го цени пријателството. Филија се однесува на љубовта во врските која се развива на бојното поле, покажување лојалност кон вашите пријатели и ваше жртвување за нив. Со овој збор е искажана и вашата способност да ги споделите емоциите со нив.rn
2. Ерос (Eros)
rnОвој збор потекнува од грчкиот бог на плодноста и ја опишува сексуалната и страсната љубов. Во овој случај вие дејствувате според вашите желби, но овој вид љубов може да биде нездрав и да се претвори во зависност. Тие ја гледале Ерос како опасна и ирационална љубов бидејќи ја опседнува вашата душа. Денес во многу општества се слави овој вид љубов и најчесто се појавува во почетокот на врските. Но подоцна може да предизвика компликации.rn
3. Лудус (Ludus)
rnЛудус ги претставува детските особини кои често ги гледате кај младите љубовници, или пак кај децата кои се вљубиле. Ова е пријателската фаза кога се шегувате со партнерот, веднаш по огнот на Ерос, и кога почнувате да го градите вашето пријателство. Лудус можете да ја искажете и на странци преку танцување и шегување, но таа е важен дел од сериозните врски штом ќе почне да се намалува страста.rn
4. Прагма (Pragma)
rnПрагма е зрелата љубов која доаѓа со годините. Ова е длабокото разбирање помеѓу двајца кои поминале долго време заедно. Прагма е резултат на сите видови љубов кои преживеале и се движат кон нова ера. Овде станува збор за компромис, трпеливост и толеранција од двете страни. Штом ќе ја стигнете оваа фаза ќе се познавате на сосема ново, подлабоко ниво.rn
5. Филаутија (Philautia)
rnЉубовта кон себе е најважното нешто пред да почнете да љубите некој друг, а Филаутија го претставува токму тоа. Всушност постојат 2 вида љубов кон себе. Првата е Нарцизам – нездравата опсесија со себе. Втората е повоздржана. Кога се сакате себеси, нема да дозволите ништо да ви ја одземе моќта и слободата.rn
6. Агапе (Agape)
rnОвој збор ја претставува безусловната љубов. Таа е мека, нежна и се шири низ целиот живот. Зборот „Agape“ е преведен на Латински како „Caritas“, а од овде потекнува англискиот збор „Charity“, кој означува добротворност. Оваа љубов оди заедно со Филаутија, односно не можете безусловно да сакате некого ако најпрво не се сакате себеси.rnrnСите видови љубов се надополнуваат едни со други и си имаат своја цел, но на крајот секоја љубов почнува од нас.rnrnДознајте и нешто повеќе за симболот на вечната љубов: Бурмите.