За 19-годишиот италијански артист и моден дизајнер Виктор Фаретина, познат како Неко-Ви, веб-сајтовите како Фејсбук, Википедија и Јутјуб биле инспирација за креирање дигитална серија вечерни фустани, наречена „Web in Vogue“. Неко-Ви во својата работа одлично ги отсликал карактеристиките, целта и заедницата на веб-сајтовите кои ги реинтерпретирал во вид на елегантни фустани. Внимавал на боите, шаблоните, иконите, типографијата и логоата.rnrnТој се надева дека еден ден ќе може да ги развие овие дизајни во вистинска облека, иако веројатно ќе мора да се откаже од некои модели, како оној инспириран од поранешниот MegaUpload.













rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
