КАФЕ ПАУЗА

Девет особини со кои можете да го освоите секој маж

Девет особини со кои можете да го освоите секој маж

Што повеќе се сакате себеси, толку повеќе и мажите ќе ве сакаат. Морате да имате високо ниво на самодоверба и самопочитување. Иако не постојат правила во љубовта, треба да знаете што значи привлечно однесување со кое ќе го освоите срцето на секој маж.rnrnДевет особини со кои можете да го освоите секој мажrn

1. Духовитост

rnСекој маж сака опуштени девојки кои умеат да се насмеат од срце и да кажат некоја шега на своја сметка. Смејте се опуштено, без срам и воздржувања.rn

2. Самоувереност

rnЖените кои се сигурни во себе и знаат што сакаат, се попосакувани во секој поглед, без разлика дали станува збор за партнерот или колегите на работа.rn

3. Искреност

rnНемојте да измислувате работи за да го воодушевите потенцијалниот партнер. Наместо тоа бидете опуштени, искрени и свои, колку и вистината да изгледа смешна или незгодна. На крајот на краиштата, секој поседува особини и животни искуства од кои не треба да се срами, бидејќи тие работни нè прават различни.rn

4. Образование

rnНе морате да имате докторат, но вложувањето во себе е привлечно, бидејќи отвора голем број теми за разговор.rn

5. Комуникативност

rnИдеално е кога жената секогаш има одговор на поставеното прашање и сака да кажува свое мислење и да дебатира на одредена тема. Треба да внимавате да не бидете премногу зборлести и дрски.rn

6. Физички изглед

rnВажно е да работите на своето тело, но не поради другите, туку поради себе. Ќе се чувствувате поудобно во своја кожа, а со тоа послободно и попривлечно.rn

7. Таинственост

rnСекогаш е добредојдена мала доза на мистериозност. Не откривајте сè за себе веднаш. На крајот на краиштата и мажите сакаат да бидат мистериозни, па зошто да не и вие. Во машката природа е да освојуваат и да откриваат, па затоа не им е привлечно да знаат сè за вас од првиот состанок.rn

8. Недостижност

rnНе смеете да покажете дека сте достапни во ниту еден момент. Понекогаш нека се прашува што ви е и да биде во исчекување повторно да ве види. Не станува збор за игра со потенцијалниот партнер, туку треба да запомните дека не треба да ги запоставите вашите секојдневни навики, како и друштвото, семејството и обврските.rn

9. Начин на облекување

rnМорате да знаете каде е границата на добриот вкус. Секогаш одбирајте го она што му одговара на вашето тело, а не она што е во мода.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.