КАФЕ ПАУЗА

Кога надвор е ладно често одите во тоалет? Лекарите откриваат дали е тоа опасно

Кога надвор е ладно често одите во тоалет? Лекарите откриваат дали е тоа опасно

Честопати ви се случува при подолго пешачење кога надвор е ладно да ви се оди во тоалет? Не сте единствени и нека не ве загрижува тоа, затоа што причината е токму ладното време.rnrnКога надвор е ладно често одите во тоалет? Лекарите откриваат дали е тоа опасноrnrnКога ова се случува, често помислуваме дека сме настинати. Но, вистинската причина е во природниот одговор на нашето тело кога температурите надвор се ниски.rnrnСамиот процес на исфрлање течности од телото преку мокрење предизвикано поради ладното време се вика студена диуреза, велат лекарите.rnrnСтудената диуреза може да се појави кога телесната температура ќе се намали. Биолошкиот одговор на студот е да пренасочи повеќе крв кон вашите витални органи за да ги загрее, а бубрезите ослободуваат повеќе течности за да го стабилизираат притисокот кој притоа се покачува.rnrnИ токму тој процес го зголемува производството на урина, поради што почесто уринирате во зима, објаснуваат лекарите.rnrnГлавниот начин да ја спречите ладната диуреза е добро да се облечете и да избегнувате да престојувате на ладно подолго време.rnrnМожеби сакате да откриете и зошто би можеле да иматe болки од десната страна на стомакот и што би можело тоа да значи.