КАФЕ ПАУЗА

Дали сте женски шовинист?

Дали сте женски шовинист?

Сте се запрашале ли некогаш дали сте женски шовинист? Доколку мислите дека мажите се емоционално недостапни, бесчувствителни, неспособни да искажат чувства, да созреат и вистински да сакаат, тогаш најверојатно сте женски шовинист.rnrnДали сте женски шовинист?rnrnВо текот на еден експеримент, во средината на еден голем и убав аквариум било поставено стакло. Секогаш кога рибите ќе пробале да пливаат до другата страна на аквариумот, ќе се удреле во стаклото и се враќале назад. По одредено време, рибите сфатиле дека нивниот простор е ограничен и не се упатувале кон другата половина од аквариумот. Кога стаклото било тргнато, рибите воопшто не се ни обиделе да пливаат до другата страна. Иако ништо не ги запирало, тие останале ограничени на едната страна поради тоа што им се случувало во минатото. И ние луѓето сме исти како и рибите од овој експеримент. Ограничените верувања нè запираат да живееме среќен, исполнет живот и да се движиме таму каде сакаме.rnrnТоа стакло најчесто самите си го поставуваме и самите се ограничуваме. Стануваме неспособни да согледаме колку добри работи постојат околу нас. Се ограничуваме со мислите како: Сите мажи се исти, Никогаш нема да најдам маж кој ќе знае да ме сослуша, или Мажите не знаат што е тоа љубов.rnrnНо, сте се запрашале ли себеси дали вие сте проблемот? Да, навистина постојат мажи со сите спротивни карактеристики од принцот на бел коњ, но исто така, постојат и жени кои не се чувствителни и емоционално отворени и не мора да значи дека тоа се машки особини. Сте се запрашале дали со негативниот пристап ги одбивате од себе сите шанси да сретнете маж со добри квалитети?rn

Поради што стануваме женски шовинисти?

rnОграничени верувања од детството – Ако во детството сте виделе или чуле за многу примери каде жените се оставени или повредени, тоа ви се врзува во глава и останува таму.rnrnВлијанија од културата и општеството – Ако општеството и целокупното опкружување, вклучувајќи го домашното воспитување, така влијаело врз вас, тогаш нормално дека нема да верувате во постоењето на чувствителни и разбрани мажи.rnrnНегативни исходи од претходни искуства – Поради лошите искуства знаеме често да се ограничиме себеси и да изгубиме верба во среќна иднина. Ако сте се нашле во врска или минлива романса со човек кој не ги исполнил вашите критериуми, нешто што мора да запомните е дека не се сите исти.rnrnНели верувањето дека жените се оние кои се почувствителни, поразбрани и оние кои вистински сакаат, ги дискриминира мажите? Нели со таквите верувања сме нефер? Таквите верувања нè прават женски шовинисти, а тоа и немаше да биде така опасно ако не ни го попречуваше целосно патот кон среќата.rnrnЕве ја големата филозофија: Кога верувате, кога сте убедени дека нештата се такви и ништо не може да ве разубеди, најчесто баш тоа и го наоѓате. Наместо постојано да собирате докази како мажите се бесчувствителни, обрнете внимание на оние кои се поинакви. За ваше добро, тргнете го стаклото кое ве ограничува да пливате слободно таму каде сакате.