Ако сакате да се шминкате, но носите очила, сигурно ви е позната маката со која треба да се соочите за да ги балансирате двете работи. За среќа, постојат неколку совети кои значително ќе ви го олеснат шминкањето и ќе ви помогнат да го постигнете посакуваниот изглед.rnrn
rn
1. Не заборавајте ги веѓите
rnКога носите очила обрнете внимание на вашите веѓи. Истакнете ги што е можно повеќе без тоа да изгледа нападно.rn
2. Очилата фрлаат сенка под вашите очи
rnПод вашите очи голема е веројатноста да има црни кругови, а сенката од очилата ги прави уште повпечатливи. За овој дел од лицето користете коректор во боја. Тој ќе ги прикрие темните делови, а вашите очи ќе изгледаат посвежо.rn
3. Нанесете прајмер на очните капаци
rnПред да ја нанесете вашата сенка, не заборавајте да нанесете и прајмер на очните капаци. Дури и кога не ги носите очилата шминкајте се на овој начин. Вака вашата шминка ќе трае многу подолго.rn
4. Комбинирајте ја сенката со бојата на вашите очила
rnАко бојата на очилата е неутрална, одберете и неутрална сенка за очи. Ќе се изненадите колку добро изгледа.rnrn
rn
5. Внимавајте на тушот
rnАко имате помали рамки на очилата, не претерувајте со тушот за очи. Доволно е да нанесете малку за да го постигнете посакуваниот ефект.rn
6. Понекогаш бидете посуптилни
rnОдличен начин да го постигнете тоа е да ја обоите основата на вашите трепки. Ќе добиете ефект на густи и полни трепки без да претерувате со шминкање.rn
7. Дебели рамки и туш
rnАко имате подебели рамки на очилата, направете ја подебела и линијата со тушот. Ќе изгледа многу подобро кога вашата шминка и очила си одговараат.rn
8. Шарените рамки комбинирајте ги со иста сенка
rnАко вашите рамки се шарени обидете се да го направите тоа и со вашата сенка за очи. Ставете посветла боја на основата, а потемна на краевите.rnrn
rn
9. Обрнете внимание на горниот очен капак
rnДајте им длабочина на очите, но не претерувајте со боите. Сигурно не сакате вашите очила да зголемуваат неред од шминка.rn
10. Светли сенки за поголеми рамки
rnПоголемите рамки ви даваат повеќе простор за шминкање. Па, искористете го и експериментирајте со боите.rn
11. Најголемиот проблем при шминкањето
rnНајголем предизвик во шминкањето за сите што носат очила е да видат што всушност прават. Овие очила се одлични за шминкање.rnrn
rn
12. Лизгање на очилата
rnСигурно ви се случува да ви се лизнат очилата, а притоа да се извалкаат од пудрата на вашиот нос. За да го спречите ова нанесувајте спреј за фиксирање на шминката.rnrn
rn
13. Маскара на вашите леќи?
rnДали сте пронашле остатоци од маскарата на вашите леќи после долг ден? За да го промените ова секогаш купувајте маскара која содржи крема.rn
14. Маскара само на горните трепки
rnАко ги носите очилата секогаш нанесувајте маскара само на горните трепки. Ако ја нанесете и на долните ќе изгледате премногу нападно.rn
15. Пробајте помали четки за шминкање
rnАко навистина не можете да гледате без вашите очила, пробајте да употребувате помали четки за шминкање. Тие ќе ви дадат простор да се нашминкате без да ги извадите очилата и ќе можете да стигнете до тешко достапните места.rn
16. Најважно од сè, забавувајте се!
rnСамо вие најдобро си го знаете лицето, па ако ви се допаѓа нешто, пробајте го без двоумење!rnrn
rnrnПогледнете и како да ги одберете совршените очила според формата на вашето лице.
