Кога станува збор за учење, различни нешта им помагаат на различни луѓе. Но, тоа што има најголемо влијание всушност е самиот стил на учење. Постојат неколку видови учење како визуелен, аудитивен и кинестетичен и секој од нив подразбира поинаков пат до запомнување на информациите.rnrnДали преферирате да учите по малку секој ден, подолг период или пак повеќе сте за интензивно учење на само неколку дена од испитот? Дали имате строг распоред на учење или ги отворате книгите кога ќе почувствувате дека е време? Без разлика на тоа каква навика за учење имате, еве неколку совети и трикови кои можат да ви помогнат многу полесно да го совладувате материјалот и да бидете поуспешни на испитите…rnrn
rnrnИзмешајте ги техниките – Да бидеме реални, без разлика каков е вашиот стил на учење, нема многу да ви помогне ако постојано само ги препрочитувате вашите книги и забелешки. Потребно е да вметнете неколку различни техники за да не ви биде досадно и да се осигурате дека информациите ќе останат во вашата глава. Ако веќе некое време сте читале, преминете на правење „постери“ за вашата соба со најважните информации. Кога ќе го покриете ѕидот околу вашата маса, вратете се на потцртување на вашите забелешки. Измислете и други начини на кои ќе се „забавувате“ себеси додека учите, на тој начин времето ќе ви поминува побрзо и со сигурност ќе запомните поголем дел од материјалот.rnrnНе плашете се да застанете – По подолго учење ако забележите дека веќе не ни ги сфаќате вашите забелешки, дефинитивно е време за пауза. Дури и ако сте планирале да учите цел ден, докажано е дека по 1 час активно учење концентрацијата се губи, а вие почнувате да се нервирате. Оваа ситуација на никој не му помага. Станете малку, излезете на свеж воздух, раздвижете се… Мала пауза нема во никој случај да ви наштети, баш напротив – кога ќе се вратите на учењето, вашата концентрација повторно ќе биде на високо ниво.rnrnГрижете се за себе – Не сакаме да звучиме како вашите родители, но без разлика на сè, не смеете да се заборавите себеси. Тоа значи дека мора да јадете редовно, да спиете доволно и да имате паузи помеѓу учењето. Без разлика на тоа што некои луѓе велат дека најдобар начин за положување е интензивно учење 24 часа, 7 дена во неделата, тоа е целосна лага. Никој на светов не може да ја заврши работата како што треба ако е уморен или гладен. Ставете се себеси како приоритет и само тогаш ќе ги добиете најдобрите резултати.rnrn
rnrnКинестетичен начин на учење – Овие студенти понекогаш можат да имаат проблеми со учењето. И покрај тоа што сфаќањето на материјалот е најважно, оние кои учат на овој начин мора многу повеќе да се движат за да имаат поголем успех. Пробајте да одите низ домот додека читате на глас, на тој начин би требало побрзо да ги запомнувате работите. Повеќето од вас сигурно имаат карактеристики или на визуелен или на аудитивен начин на учење, така што откријте кој начин ви помага повеќе и направете нова комбинација.rnrnАудитивен начин на учење – Овој вид студенти најдобро ги запомнуваат информациите со зборување и слушање. Одличен совет за вас е да се снимите себеси додека ги читате вашите забелешки и потоа да ги слушате. Исто така можете и да ги читате забелешките и потоа да си ги објаснувате на себе. Ако ви е малку чудно да „разговарате“ со себе, тогаш организирајте групно учење со колегите. Меѓусебното објаснување на материјалот ќе ви овозможи доволно слушање и зборување за најдобри резултати на испитот.rnrnВизуелен начин на учење – Инвестирајте во пенкала во различни бои и тетратки со шарени листови и започнете со пишувањето на шеми и дијаграми. Употребувајте колорно обележување за да ги категоризирате темите и идеите. Оние кои учат на овој начин мора многу добро и организирано да да ги чуваат материјалите за да постигнат најголем успех. Постерите се одличен начин за учење, не само затоа што се организирани и прегледни, туку и затоа што откако ќе го добијат своето место на ѕидот ќе бидат постојан потсетник за тоа што мора да го запомните.rnrn
rnrnПравете мали работи – Без разлика колку постери ќе залепите на ѕидот, или колку ќе разговарате за материјалите со вашите колеги, сепак ќе мора да поминете и низ интензивно „дружење“ со вашите книги. Еден од најефикасните совети за помнење на фактите е да ги пишувате на мали ливчиња кои ќе ги залепите на места каде што постојано гледате, на пример на огледалото, покрај креветот, на кутијата со житариците… Тие мали работи можат многу да ви помогнат при запомнување на пократки и покомплицирани информации.rnrnАнализирајте го своето учење – Пробајте да забележите во кој дел од денот имате најмногу концентрација и адаптирајте го вашиот распоред за учење во тој период. Нема поента да учите навечер, ако знаете дека не можете да се фокусирате по 17 часот.rnrnРаспоред, распоред, распоред – Планирањето е КЛУЧНО кога станува збор за учењето. Не мора да биде строго и секогаш да започнува во исто време ако сакате да имате малку повеќе слобода, но барем направете план кои денови ќе учите и отприлика колку време ќе ви биде потребно. Ова значи дека ќе имате некаков вид цел поради која ќе биде многу полесно да им кажете „не“ на вашите пријатели за излегување во периодот кога треба да учите. Без дури и најосновен план вашето учење ќе стане огромен хаос.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
