Се враќавме дома кога ќе се запалат уличните светилки или кога мама ќе викне од балкон. Без телефони и таблети, со колена изгребани од асфалтот. Колку од овие игри ги паметите?
Ластик
Долг ластик, две девојчиња го држат на глуждовите, а третата скока по правила што сите ги знаевме напамет. Колку повеќе успеваш, толку ластикот оди повисоко: на колена, на бутини, на половина.
Криенка
Еден брои до 50 со лице на ѕид, другите се кријат. „Кој не се скрил, нека се скрие!“ Најтешко беше да стигнеш до ѕидот пред оној што брои.
Школка
Нацртана со креда на асфалт, со броеви во квадратите. Фрлаш камче, скокаш на една нога и не смееш да ја допреш линијата.
Државе
„Објавувам војна на… Германија!“ Сите бегаат, а повиканиот застанува на центарот и вика „Стоп!“. Потоа брои чекори до најблискиот. Ова беше и часот по географија.
Меѓу две ватри
Две екипи, една топка и многу смеење. Ако те погодат, излегуваш. Ако ја фатиш топката, враќаш некого од твоите.
Кликери
Мали стаклени топчиња, дупче во земја и цели турнири. Некои деца имаа цели кесички со кликери, а највредни беа шарените.
Зошто овие игри беа важни
Психолозите денес велат дека таквите игри учеле работи што ниту една апликација не ги учи: договор, правила, трпение, губење и повторно обидување. И се играа заедно.
Која игра беше ваша омилена? И која ја заборавивме?







