КАФЕ ПАУЗА

Холандија ги затвора затворите затоа што нема кој да престојува во нив

Холандија ги затвора затворите затоа што нема кој да престојува во нив

Покрај намалената стапка на криминал во земјата, тајната на Холандија за празнење на затворите  е однесувањето кон затворениците како кон човечки суштества. Тоа функционира навистина добро, само во 2018 година биле затворени 4 затвори, а некои од нив биле претворени во домови за бегалци.rnrnПогледнете како холандскиот систем успеал да го намали полнењето на затворите со помош на емпатичен, човечки пристап кон криминалците.rn

Третирајте ги како човечки суштества и тие ќе се однесуваат човечки

rnХоландија ги затвора затворите затоа што нема кој да престојува во нивrnrnОвозможувајќи специјална рехабилитација за лицата со ментални нарушувања, холандскиот правосуден систем ја намалува популацијата во затворите. Овој систем се заснова на превенција и разбирање, а не на казнување. Луѓето кои извршиле кривични дела честопати се соочувале со парични казни и/или се принудени да присуствуваат на програми за психолошка рехабилитација. Затворските казни, едноставно ги намалиле, откако долгогодишните затворски казни се покажале како неефикасни.rnrnОвие нови мерки ги нарекувале алтернативни пресуди и се засновале на идејата криминалците да бидат третирани како човечки суштества кои сè уште ќе можат да бидат корисни за општеството по рехабилитацијата. Според психологот Мириам Ван Дриел начинот на кој се однесувате кон луѓето, сегде, па и во затвор, прави голема разлика во тоа како тие возвраќаат на општеството. Ако ги третирате како кучиња, тие ќе се однесуваат како кучиња, но ако ги третирате како човечки суштетства, тие ќе се однесуваат како човечки суштества.rn

Интервентните програми им помагаат на луѓето кои се во затвор

rnХоландија ги затвора затворите затоа што нема кој да престојува во нивrnrnЛуѓето кои одат во затвор имаат можност да следат програма за терапија за да се вратат во општеството што е можно побрзо. Овие интервентни програми имаат за цел да ја заштитат јавноста, но и да ги рехабилитираат оние што се во затвор. Според оваа студија, програмите се покажале како успешни, иако, некои исто така тврделе дека се осмислени за лекување на мажи и дека жените имаат помалку корист од нив.rn

Нови домови за бегалците

rnХоландија ги затвора затворите затоа што нема кој да престојува во нивrnrnНа крај, многу од холандските затвори биле напуштени. Некои од нив дури им биле изнајмени на други земји, додека други ги претвориле во луксузни хотели или сместувачки капацитети за бегалци. Тие планираат еден од најпознатите холандски затвори, Копелгевангенис, да го претворат во универзитет.rnrnМожеби сакате да прочитате и зошто децата во Холандија се посреќни од останатите деца во Европа?