Кога би живееле во совршен свет, девојките би можеле да им кажат на лигавите типови во дискотеките дека не се заинтересирани и тие едноставно би ги оставиле на мира. Не би требало да се двоумите дали да го кажете тоа директно, но понекогаш ќе сретнете некое момче кое нема да го разбере очигледниот знак. Според тоа, ова се 12-те урнебесно смешни и ефективни начини благодарение на кои ќе можете да се ослободите од чудниот тип кој никако да се откачи од вас…rnrn
rn
1. „Извини, ама ќе се преселам во странство како дел од програмата за заштита на сведоци“
rnВидов како едно момче ѝ се додворува на девојка и таа му кажа дека не е заинтересирано, а тој не сакаше да ја остави на мира. Бев сведок на тој ужасен криминал и сега морам да се преселам. Каде? На Месечината.rn
2. Преправајте се дека не знаете ниту еден македонски збор освен „чао“
rnАко тој не ја сфати пораката по 5 последователни „чао“, во ред е да го одминете како да е дух.rn
3. „Да не бев веќе омажена за полицаец, дефинитивно ќе излезев со тебе“
rnЧудаците најмногу од сѐ на светот мразат луѓе кои познаваат полицајци.rn
4. „Секако! Мојот телефонски број е 077 еден не не не не не“
rnАко е особено бавен, може да побара од вас да го повторите бројот, но дури и да го стори тоа „не“ не е тежок број да се запамети и повтори.rn
5. „Дефинитивно треба да одиме на кафе, и онака планирам да се омажам и да имам две деца до наредно лето“
rnБи требало да е навистина посебен случај за да си помисли „Оваа непозната девојка сака да се омажи за мене и да чуваме 2 деца за 12 месеци. Може!“.rn
6. „Да! Би сакала да излезам со некој од оваа планета. Никогаш не сум го направила тоа“
rnЛажен вонземјанец = засекогаш сама.rnrn
rn
7. Испуштајте гасови
rnИ воопшто не изгледајте засрамено. Напротив, насмевнете се. Насмевнете се гордо.rn
8. „Важи, ама ако ми платиш да го замрзнам телото по смртта“
rnВидете, сите си имаат цена. Тоа е вашата.rn
9. „Ќе излезам со тебе ама имај на ум дека сите мои љубовни состаноци траат минимум 10 секунди, што значи овој е речиси завршен“
rnИ не отстапувајте од тие 10 секунди, туку проверете го телефонот и кажете „Тоа беше забавно. Чао.“rn
10. „Само ако моите 8 мачки дојдат со мене. А ниту една од нив нема тоалетни навики, така што…“
rnМомците не сакаат ништо повеќе од девојки со еден куп мачки кои мочаат насекаде.rn
11. „Јас сум всушност алергична на мажи“
rnТоа е навистина честа појава денес, проверете на Интернет.rn
12. „Секое момче што сум го имала умрело под мистериозни околности, но веројатно би можела да пробам пак“
rnИ задржете мртов сериозен поглед на вашето лице додека полека си заминувате. Потоа сте слободни!