КАФЕ ПАУЗА

7 начини да се разубавите додека спиете

Ноќта е најубавото време за третмани за убавина. Тогаш вашето тело закрепнува и обидите за разубавување се најефикасни. Погледнете неколку совети кои ќе ви помогнат да се разубавите дури и додека спиете.rn

1. Направете маска за лице од алое вера

rnrnrnСокот од алое вера ја осветлува кожата, ги отстранува мозолчињата и ја спречува појавата на брчки. Исто така, таа е погодна за секој тип кожа. Само одберете ја правата маска за вашиот тип кожа: Мрсна, сува или нормална. Најдобро е да ја нанесувате маската два пати неделно.rn

2. Направете маска со витамин Е за пределот под вашите очи

rnrnrnКожата под вашите очи е сува, тенка и склона кон брчки. За да го забавите процесот на стареење, нанесете маска со витамин Е пред спиење. Витамините можете да ги најдете во секоја аптека. За најдобри резултати, додајте и рибино масло. Но, бидете внимателни со витаминот Е, секогаш ставајте само неколку капки. Ако се користи во поголема доза може да предизвика отекување и иритација. Нанесувајте ја маската еднаш неделно.rn

3. Нанесете масло од рицинус на трепките и веѓите

rnrnrnТемелно исплакнете четка за маскара и ставете ја во рицинусово масло. Потоа, со помош на четката нанесете го маслото на веѓите и трепките за да го забрзате нивниот раст и да им ја зголемите густината. Повторувајте секоја вечер пред спиење.rn

4. Нанесете кокосово масло на вашите усни

rnrnrnКокосовото масло е од голема помош за сувите усни. Потребно е многу време да се впие, па затоа најдобро е да го нанесувате пред спиење. Можете да користите чисто масло или пак, маска чија основа е кокосовото масло.rn

5. Навлажнете ја косата

rnrnrnВашата коса се справува со многу груба средина во текот на денот, па затоа и е потребно закрепнување. Најчестата причина за тенка и електризирана коса е недостатокот од влага. Постојат бројни спреови и серуми за навлажнување на косата, но можете да си направите еден и дома – потребни ви се јаболков оцет, вода и шише со распрскувач.rn

6. Омекнете ги рацете

rnrnrnЗа да ги направите дланките меки и нежни, следете го овој метод пред спиење:rn

    rn011

  • Измијте ги рацете и нанесете пилинг. Масирајте, и повторно измијте ги.
  • rn011

  • Исушете ги рацете и нанесете дебел слој крем за навлажнување. Обрнете внимание на деловите помеѓу прстите и зглобовите.
  • rn011

  • Ставете ракавици и одете на спиење.
  • rn011

  • Кога ќе се разбудите, отстранете ги ракавиците и нанесете масло за кутикули околу ноктите.
  • rn

rn

7. Отстранете ја грубата кожа на стапалата

rnrnrnЛетото веќе пристигна, па време е да ги подготвите вашите стапала. Испуканите пети можат да се средат со маслиново или кокосово масло.rn

    rn011

  • Прво, направете пилинг на стапалата.
  • rn011

  • Потоа, внимателно нанесете маслиново или кокосово масло на стапалата, облечете памучни чорапи и одете на спиење.
  • rn

rnrnrnПогледнете ги и овие кратки и евтини совети за убавина кои навистина ќе ви помогнат.