Најсреќните парови не мора да бидат луѓето кои се создадени еден за друг или кои совршено се согласуваат. Најсреќните парови се оние кои имаат свои мали тајни и навики што ја прават нивната врска успешна. Во продолжение погледнете за кои навики станува збор.
rn
1. Си легнуваат во исто време
rnЕдно истражување од Универзитетот во Питсбург покажало дека во бракот, посреќни се жените кои имаат речиси ист распоред на спиење со нивните сопрузи. Жените кои биле помалку задоволни во бракот, во само 50% од случаите легнувале во исто време со партнерот. Истражувањето следело 46 брачни парови, во период од 10 денови, и ја набљудувало поврзаноста помеѓу навиките за спиење и задоволството во врската. Најверојатно објаснувањето е тоа што пред спиење, партнерите имаат поголема потреба за блискост и сигурност. Доколку сепак не можете да легнувате во исто време со партнерот, обидете се да најдете време за поврзување во текот на денот.rn
2. Не им е страв да си легнат налутени
rnОбидувањето да го решите проблемот по секоја цена пред спиење може да резултира со зборови за кои следното утро ќе зажалите. Тајната е во тоа да се обидете да го решите проблемот следниот ден, со бистар ум, наместо да го игнорирате или да пробувате да заборавите на него. Истражувањата покажале дека паровите кои го оставале проблемот за следниот ден, повеќе не се расправале за тоа.rn
3. И двајцата имаат блиски пријатели
rnИзлегувањето со пријателите и пријателките го зајакнува односот помеѓу партнерите. Луѓето со повеќе пријатели се посреќни во врските, за разлика од оние кои се фокусираат само на партнерот. Поради ова, луѓето кои имаат пријатели не се толку приврзани за партнерот. Покрај тоа, пријателите не ја загрозуваат врската, туку ја прават побогата.rn
4. Не се брутално искрени
rnВо врската е важно да ја кажувате висината, но треба да бидете искрени без повишување на тонот и, се разбира, да не бидете безобразни. Партнерите во среќните врски наоѓаат добар начин да му го кажат на партнерот она што е тешко да го слушне, односно, ги земаат предвид неговите чувства. Формулата е едноставна – приватно со партнерот разговарајте на истиот начин како што би разговарале со пријатели во јавност.rn
5. Коа децата ќе си легнат, си посветуваат внимание еден на друг
rnПартнерите кои се фокусираат само на нивните деца тешко наоѓаат време еден з друг. Па откако децата ќе си легнат, добро е да се фокусирате на вашата врска. Кога навечер ќе останете сами, исклучете го мобилниот и немојте да гледате телевизија. Доколку сепак сакате да правите нешто, најдете заедничка активност со партнерот.rn
6. Се прегрнуваат во јавност и се држат за раце
rnНајсреќните парови најчесто се прегрнуваат во јавност и се држат за раце. Држењето за раце ја намалува напнатоста и нивото на кортизол, а сигурно нема ни да помислите да се расправате додека се држите за раце. Ова е како потсетник дека сте тим и пар и дека не сте сами.rn
7. Ги помнат и обрнуваат внимание на добрите нешта
rnПостојаното забележување на негативните страни на партнерот може да биде лоша навика во врската. Од друга страна, забележувањето на добрите нешта може да поттикне циклус на добри гестови од страна на двајцата партнери. Штом ќе обрнете внимание на добрите гестови на партнерот, за возврат и вие ќе сакате да направите нешто добро за него.
Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека сте во среќна и здрава врска.


