Здравата и среќна врска е нешто што секој посакува да го искуси во некој момент од животот. Но како да знаете дека сте во ваква врска? Овие знаци ќе ви го покажат тоа.rnrn
rn
1. Вашата среќа не зависи од партнерот
rnБез разлика дали партнерот е до вас или не, вие можете да бидете среќни. Вашата среќа доаѓа од вас и не зависите од другата личност за да бидете со добро расположение.rn
2. Вљубени сте, но не сте си потребни
rnВие и партнерот сте вљубени, но не сте си потребни еден на друг. Не ви е потребна другата личност за да се чувствувате сакано. Наместо тоа, сакате да ја споделите љубовта што веќе ја имате. Токму ова ја прави вашата врска убава и едноставна.rn
3. Повеќе сакате да давате отколку да добивате
rnИ двајцата давате многу во врската без да следите кој вложил повеќе. Давате не бидејќи чекате нешто за возврат, туку затоа што сте полни со љубов и сакате да ја споделите со партнерот.rn
4. Не играте игри
rnВо здравата врска нема лажење, изневерување, манипулирање или криење. Не си играте игри и си покажувате љубов, искреност и почит.rn
5. Вие сте најдобри пријатели
rnЗаедно се смеете, заедно плачете и заедно се забавувате. Си ги споделувате најдлабоките мисли, тајни, стравови и соништа. Се разбирате и се поддржувате во сè и секогаш слушате што има да каже другиот. Кога едниот ќе падне, другиот секогаш е овде да го врати на нозе.rn
6. Си давате слобода да бидете свои
rnВо свет каде што многу луѓе се обидуваат да го променат или да го „поправат“ нивниот партнер, вие двајца си ја давате слободата да бидете свои. Се охрабрувате да бидете искрени кон себе и да бидете автентични. Се сакате за личностите коишто веќе сте.rn
7. Не се обидувате да се контролирате еден со друг
rnИако помеѓу вас постои силна љубов и длабока врска, свесни сте дека не се поседувате и дека секој е слободен да прави што сака. Без разлика колку време сте заедно, ниту еден од вас не пробува да го контролира другиот.rn
8. Не сте приврзани за „среќен крај“
rnИако се сакате и сакате да бидете заедно до крајот на времето, не сте приврзани за идејата „среќен крај“. Ако некогаш мора да ви се разделат патиштата нема да се повредувате, туку ќе заминете со љубов, ослободувајќи се и себеси и партнерот.rn
9. Вие сте си вашите „убави непријатели“
rnСе предизвикувате еден со друг, а понекогаш до тој степен што си ја покажувате и вашата мрачна страна. Но, ова го правите без повредување, осудување или навредување на другата личност.rn
10. Си давате простор
rnБидејќи знаете дека за здрава врска потребни се двајца среќни возрасни, си го давате потребниот простор да бидете свои и да ги правите нештата што ги сакате. Си давате време да се обновите и да се подобрите.rn
11. Веднаш ги решавате конфликтите
rnКога ќе се појави некој проблем, веднаш го решавате отворено и на смирен начин. Секогаш се обидувате да го подобрите вашето однесување и никогаш не се навредувате и не се заканувате.rn
12. Се цените еден со друг
rnДодека многу парови се обвинуваат и критикуваат еден со друг, вие постојано се цените и си давате признание. Се фокусирате на добрите карактеристики на другата личност и се обидувате да создадете позитивна атмосфера.rn
13. Не ја проектирате вашата темнина врз партнерот
rnЈасно ви е дека постои темнина во секого. А бидејќи знаете дека за да се справите со онаа на партнерот треба да ја разберете вашата темнина, вредно работите на себе, го оставате минатото во минатото, простувате и ги лекувате раните што останале на вас.rn
14. Вашата врска е бескрајна љубовна приказна
rnОва е место каде што и двајцата постојано сакате да ги истражувате вашите стравови, соништа, надежи и страсти. Сакате да разберете повеќе од убавината што се крие во вашиот партнер, секојдневно се гледате во очи и се третирате како да сте најважните нешта во светот.rn
15. Вашата љубов ви помага да го искусите единството на животот
rnВашата љубов е длабока и чиста, па ви помага и на двајцата да откриете какви личности навистина сте. Преку вашата љубов можете да го почувствувате единството на животот и се чувствувате сè поблиску и поблиску еден до друг.rnrnПогледнете и кои се 3-те видови хемија што треба да ги почувствувате за да бидете вистински заљубени.
