КАФЕ ПАУЗА

Зошто толку многу ја сакаме музиката?

Зошто толку многу ја сакаме музиката?

Музиката била со нас буквално од кога колективно паметиме за нашето постоење. Пронајдени се и музички инструменти кои датираат од пред десетици илјади години. Но, сепак никој не знае зошто толку сакаме музика или каква е нејзината улога (доколку ја има) во нашиот живот.rnrnЗошто толку многу ја сакаме музиката?rnrnИстражувачите сè уште го немаат пронајдено „центарот за музика“ во нашиот мозок. Како и другите повисоко рангирани процеси, така и слушањето музика е распределено низ неколку области во мозокот.rnrnЕдна студија открила дека кога личноста се фокусира на хармонијата од одредено дело, таа доживува зголемување на активноста кај аудитивните области во десната темпорална зона. Други студии исто така покажале дека темпоралната зона е клучниот регион за разбирање на одредени музички карактеристики.rnrnДруг вид студии се фокусирале повеќе на емоционалните реакции на музиката. Во експеримент спроведен од колеџот МекГил во 2001-та година, со помош на скенирање на мозокот се проучувала невралната механика на „наежување на кожата“ која е предизвикана од музика која испитаникот ја смета за неверојатна. Тие откриле дека структурите во мозокот кои се активираат при оваа ситуација се истите оние региони кои се поврзуваат со одредени силни стимуланси како на пример, за храна, секс и дрога.rnrnПротокот на крвта во мозокот се зголемува и опаѓа во зависност од музиката во деловите кои се поврзуваат со наградување, емоции и возбудување. Бидејќи стимулациите за храна и за сексуални односи се важни за преживувањето на организмот, фактот дека слична неврална активност е забележана и како одговор на музиката ни сугерира дека можно е да постои некаков вид еволутивна придобивка во способноста да се слушне или запее добра мелодија.rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.